Димитров: И за Грција е добро Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО


Фокусирани сме на тоа да ги убедиме сите вклучително и соседна Грција дека е добро Македонија да стане сојузник во ЕУ и НАТО, не само за Грција, туку и за целиот регион, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров одговарајќи на новинарско прашање на завршната прес-конференција во рамки на Дигиталниот самит за Западен Балкан.

Прашан дали има план Б доколку поради грчките барање не се најде решение, Димитров рече дека треба да бидеме фокусирани на планот А.

– Мислам дека за да ги зголемиме шансите за успех треба да размислуваме и да бидеме фокусирани на планот А, истакна Димитров.