Се снима филм на патот Радовиш – Штип, сообраќајот се пренасочува


Од 7:00 часот утринава поради снимање филм, сообраќајот на патниот правец Радовиш – Штип, на 4 км се пренасочува десно, кон Републичка сообраќајна полиција за влез во Штип, соопштија од АМСМ. На другите патни правци сообраќајот се одвива тековно и без забрани.

Оскари 2018 : „Обликот на водата“ со 13 номинации


Меѓу фаворитите „Обликот на водата“ во режија на Гиљермо дел Торо и „Три билборди надвор од Ебинг, Мизури“ на Мартин Макдонаг, се приклучи и „Данкирк“ на Кристофер Нолан. Најмногу номинации доби филмот на дел Торо, кој е номиниран во 13 категории меѓу нив за најдобар филм, најдобар режисер и најдобро оригинално сценарио. Во трката за …

Оскари 2018 : „Обликот на водата“ со 13 номинации Read More »

Саудиска Арабија во 2018 година ќе ги добие првите киносали


Саудиска Арабија денеска објави дека ќе дозволи да се отворат киносали. Најверојатно првите кина во конзервативната монархија ќе бидат отворени на почетокот на следната година. – Комисијата за аудиовизуелни медиуми го започна процесот за лиценцирање на киносалите во монархијата – изјави министерот за култура и информации Ауад бин Салих ал Ауад. Тој додаде дека првите …

Саудиска Арабија во 2018 година ќе ги добие првите киносали Read More »

Документарниот филм „Хитлеровиот Холивуд“ ќе се прикажува во македонските киносали


Филмот „Хитлеровиот Холивуд“ режиран од Рудигер Сухсланд ја раскажува приказната за еден од најважните и драматични периоди во историјата на германското кино, во ерата на пропагандата 1933-1945. Домашната публика ќе може да го погледне филмот од 7 декември во киносалите низ Македонија. Филмот го поставува прашањето како овие филмови, вклучувајќи ги и нивните митови, нивните …

Документарниот филм „Хитлеровиот Холивуд“ ќе се прикажува во македонските киносали Read More »

(ФОТО) Почна снимањето на краткиот игран филм „Сонот за крвта и душата“


Почна снимањето на краткометражниот игран филм „Сонот за крвта и душата” по сценарио на Александар Русјаков и во режија на Игор Алексов, соопшти продукцијата „Квазар филм“. Снимањето ќе трае седум дена на повеќе локации во Скопје. Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Јордан Симонив, Нина Деан и Ана Стојановска. Директор на фотографија е Душан Кардалевски, …

(ФОТО) Почна снимањето на краткиот игран филм „Сонот за крвта и душата“ Read More »

Завршува Неделата на современ шпански филм во Кинотека


Со вечерашната проекција на „15 години и еден ден“, во Кинотека на Македонија завршува Неделата на современ шпански филм. Ревијата почна со „Среќни 140“ на Грасија Керехета, а прикажани беа и „Лудата Хуана“, Труман“, Мојата голема ноќ“, „Братучеди“ и „Од твојот прозорец до мојот“. Од 2 до 6 декември во Кинотека ќе се одржи нов …

Завршува Неделата на современ шпански филм во Кинотека Read More »

Поради закана кон главната актерка одложена филмска премиера


Продуцентите на индискиот филм „Падмавати“ (Padmavati) го одложија првото прикажување закажано за 1 декември, поради закани упатени кон главната глумица и кон режисерот. Имено, членот на владеачката Индиска народна партија, Сураџ Пал Аму понуди 1,3 милиони евра за тој кој „ќе ја обезглави главната актерка Дипико Падуконе и режисерот на филмот „Падмавати“, Санџај Лил Бансали, …

Поради закана кон главната актерка одложена филмска премиера Read More »

„Срце од камен“ прогласен за најдобар филм на годинешниот Синедејс


„Срце од камен“ – исландско-данска копродукција на режисерот Гудмундур Амар Гудмундсон е најдобар филм на 16. Фестивал на европски филм „Синедејс“, беше соопштено на синоќешното затворање на фестивалот во кино „Милениум“. Избран е за најдобар меѓу осум остварувања во Официјалната селекција, според жирито, во состав: Семих Капланоглу, Евгенија Тирдатова и Марија Драндаки. Во нивното образложение …

„Срце од камен“ прогласен за најдобар филм на годинешниот Синедејс Read More »

Претселекција за „Берлинале“ 2018 во Скопје


Претселекцијата за 68. издание на Меѓунарорниот филмски фестивал „Берлинале“, за филмови од земјите од регионот, се одржува во Скопје во период од 15 до 17 ноември во Скопје, информира Агенција за филм на Република Македонија. Во Скопје деновиве гостуваат и двајца претселектори за филмскиот фестивал, Николај Никитин и Бернд Будер. Покрај селекторите, најавено е присуство …

Претселекција за „Берлинале“ 2018 во Скопје Read More »

Се снима филмот „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски


Екипата која работи на филмот „Ефектот на среќа“ (The happiness effect) во режија на Борјан Зафировски, повеќе од две недели снима на различни локации низ Скопје и Охрид, а во моментов се работат сцени во студиото на „Fx3x“. Главните ликови ги толкуваат: Дејана Попоска, Сашко Коцев и Ана Стојановска, а во останатите улоги се појавуваат …

Се снима филмот „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски Read More »