Завршува Неделата на современ шпански филм во Кинотека


Со вечерашната проекција на „15 години и еден ден“, во Кинотека на Македонија завршува Неделата на современ шпански филм.

Ревијата почна со „Среќни 140“ на Грасија Керехета, а прикажани беа и „Лудата Хуана“, Труман“, Мојата голема ноќ“, „Братучеди“ и „Од твојот прозорец до мојот“.

Од 2 до 6 декември во Кинотека ќе се одржи нов циклус – Недела на современиот израелски филм.