Претселекција за „Берлинале“ 2018 во Скопје


Претселекцијата за 68. издание на Меѓунарорниот филмски фестивал „Берлинале“, за филмови од земјите од регионот, се одржува во Скопје во период од 15 до 17 ноември во Скопје, информира Агенција за филм на Република Македонија.

Во Скопје деновиве гостуваат и двајца претселектори за филмскиот фестивал, Николај Никитин и Бернд Будер. Покрај селекторите, најавено е присуство и на претставници на националните институции за филм од земјите од регионот, чии филмови учествуваат на претселекцијата.

По повод одржувањето на претелекцијата во Македонија, Агенцијата за филм денеска во Кинотеката на Македонија организира средба на претселекторите со македонски етаблирани, но и млади автори.