Први јануари неработен за сите граѓани


 Први јануари 2024 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.  Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, Први јануари е неработен согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07). Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ја честита Новата година. 

МТСП: Четврток неработен ден, а среда скратено работно време за државната и јавната администрација во Скопје


Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември (среда) ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, а 30-ти ноември (четврток) се определува за неработен ден. Истиот нема да се одработува, известува Министерството за труд и социјална политика, врз основа на заклучоците донесени  на 199 седница на …

МТСП: Четврток неработен ден, а среда скратено работно време за државната и јавната администрација во Скопје Read More »

Водици неработен за православните христијани


Согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2022 година (среда), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.   Од Министерството воедно им го честитаат празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.

Бадник е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед


Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Од МТСП им го честитаат Бадник на граѓаните од православната вероисповед. 

2 јануари нема да работи јавната и државната администрација, денот ќе се одработува


На 2 јануари нема да работат вработените во јавната и државната администрација, а препорака е оваа одлука да ја следат и единиците на локалната самоуправа и приватниот сектор. Неработниот ден ќе се одработи во текот на годината. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата рече дека денот мора да се одработи бидејќи се работи …

2 јануари нема да работи јавната и државната администрација, денот ќе се одработува Read More »

Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед


Министерството за труд и социјална политика денеска соошти дека 25 мај – Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Духовден е прогласен за неработен ден согласно Законот за празници на Република Македонија.

Понеделник, втор ден Велигден неработен за сите граѓани


Понеделник, 9 април, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. – Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 9 април 2018 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е …

Понеделник, втор ден Велигден неработен за сите граѓани Read More »