Изјави на Мицкоски и Таравари (во живо)
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари ќе присуствуваат на промоција на новиот апарат за магнетна резонанца во поликлиниката „Идадија“.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари ќе присуствуваат на промоција на новиот апарат за магнетна резонанца во поликлиниката „Идадија“.
Во среда, во 12 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата. Проследете ја во живо:
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција на која даде отчет за првите 100 дена од работењето на Владата, најави намалување на даноците во наредните четири недели, како и пуштање во промет на дел од автопатот од Кичево до Охрид, до мај идната година. Тој нагласи дека за 100 дена биле донесени, реализирани или отпочнати …
Помали даноци и пуштање на дел од автопатот Кичево – Охрид: Еве што најавува Владата Read More »
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе ги презентира резултатите од првите 100 дена од работата на Владата. Под слоганот „100 проценти посветени, за тебе!“, премиерот ќе ги прикаже постигнувањата, проектите и мерките кои беа реализирани од новото раководство откако ја презеде извршната власт. Меѓу активностите што го одбележаа работењето на Владата, покрај транзициите на …
Сто дена Влада – премиерот Мицкоски ќе ги претстави резултатите Read More »
Разговорите на премиерот Христијан Мицкоски со унгарскиот премиер Виктор Орбан започна во Охрид. Нашиот премиер ги нарече плодни а Унгарија ја прогласи за стратешки партнер на Македонија. посетата е билатерална и нема ништо со претседателствувањето на Орбан со ЕУ. „Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Виктор Орбан. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж …
Мицкоски ја прогласи Унгарија за стратешки партнер Read More »
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата планира да издвои средства за набавка на електрични автомобили со новиот буџет, но дека оваа година тоа нема да биде возможно. Одговарајќи на новинарско прашање, тој објасни дека Владата работи на план за воведување на оперативен лизинг, кој би требало да го намали трошокот за одржување на автомобилите во …
Мицкоски: Владата планира од следната година да набави електрични возила Read More »
Премиерот Христијан Мицкоски најавува исплата на поврат на ДДВ на фирмите по завршување на контролите кои вели дека се прават за да не се повторат случаи со исплати на фантом фирми. На новинарско прашање за поплаки од фирми дека не добиле поврат на ДДВ повеќе од 100 дена, Мицкоски рече дека нема проблем со Буџетот …
Мицкоски потврди дека доцни повратот на ДДВ за фирмите, се правела строга контрола Read More »
Очекувам тоа што е договорено да биде и почитувано. Мерката треба да стартува денеска и очекувам намалување од најмалку 10 проценти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, во однос на стапувањето во сила на ограничените профитни маржи за 73 прехранбени производи од есенската потрошувачка кошница. За реакциите од граѓаните дека дел од маркетите ги покачиле цените …
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски по посетата на општина Ѓорче Петров каде присуствува на поставување камен-темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.
Националниот совет за развој е одлична платформа да се учествува во визијата и во реализација на она што претставува стратешка цел на државата и за тоа е потребно да се создаде патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 година, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на денешната втора седница на Националниот совет за развој, …
Мицкоски сака Македонија да биде економски лидер во регионот Read More »
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево изјави дека очекува до крајот на следната година, долгот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да биде еднаков на нула. Прашан дали Владата планира некако да помогне, бидејќи има информации дека ФЗО е во долгови, Мицкоски рече дека долгови има насекаде. – Долгови има насекаде. Тие се бројат во милијарди денари. …
Премиерот Мицкоски очекува долгот на ФЗО до крајот на 2025 да биде еднаков на нула Read More »
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски по посетата на општина Кавадарци и презентацијата на проектот „Safe city“.
Мицкоски го виде Брисел, а и Брисел го виде него – е кратко кажано заклучокот од првата посета на премиерот на ЕУ од која се очекуваше многу, во смисла да открие како ќе ги продолжи преговорите за членство во Унијата и како ќе го оствари ветувањето – дека ќе издејствува подобар договор со Бугарија. Она …
Изјава за медиуми на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, по посетата на Општина Штип.
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани од денес ќе престојува во работна посета на Брисел. Тој, заедно со лидерите од Западен Балкан ќе присуствува на ручек организиран од претседателката на Европска комисија, Урсула Фон Дер Лајен и ќе оствари состанок …
Мицкоски оди на ручек со Лајен во Брисел, ќе го однесе и предлогот за спорот со Бугарија Read More »
Парите од заемот од Унгарија наменети за македонското стопанство треба да бидат пласирани преку домашните банки под истите услови под кои е земен заемот. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека намерата на Владата е тие средства да одат преку банките, а доколку тоа не се случи, тогаш ќе се бараат други начни да се пласираат овие …
На следната владина седница треба да се најде предлогот за есенската потрошувачка кошница, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во изјава за медиумите Мицкоски рече дека е постигнат договор и дека предлогот на Министерството за економија и труд вчера бил доставен до Владата. – Имаше вчера предлог од страна на министерот за економија, кој е резултат …
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска со последната акција за даночно затајување рече дека таа е една од низата вакви истраги што ќе следуваат во следниот период. – Не би сакал сега да откривам детали, истрагата трае, мислам дека ќе биде епски голема, епски голем криминал, но она што можам да кажам дека ова е …
Мицкоски најави жешка есен за акцијата против даночно затајување Read More »
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека е донесена владина одлука за изградба на кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“. Во изјава за медиумите, Мицкоски рече дека станува збор за развоен проект што ќе трае неколку години, додавајќи дека одредени структури ќе се обидат и тоа да го искористат како провокација. – И ова со универзитетот „Мајка …
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три странски инвестиции кои очекува да бидат потврдени до крајот на годинава. „Очекувам во периодот кој што следи покрај оние четири договорени од почетокот на функционирањето на оваа Влада уште дополнителни три до крајот на годината. Со што драматично ќе се зголеми економската активност и ќе влијаат позитивно на растот …
Мицкоски најави три нови странски инвестиции до крајот на годината Read More »