СДСМ: Платите во Македонија растат


Трендот на растот на платите во Република Македонија продолжува. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, просечната плата исплатена за месец март е за 5,6 отсто повисока во однос на месец март 2017 година. Просечната плата во првото тромесечие од 2018 година е за 4,9 отсто повисока во споредба со истиот период од минатата …

СДСМ: Платите во Македонија растат Read More »

Нова демократија: „Илинденска Македонија“ се поврзува со создавањето македонска држава што го вклучува Солун


Премиерот Алексис Ципрас телефонски го брифираше претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, дека со господинот Зоран Заев разговара за името „Илинденска Македонија“, соопштуваат од грчката опозициска партија. За Нова демократија конкретното име не е прифатливо затоа што било поврзано со создавање на македонска држава и нација што го вклучува и Солун. – Ова име историски …

Нова демократија: „Илинденска Македонија“ се поврзува со создавањето македонска држава што го вклучува Солун Read More »

Села: Ако има договор меѓу Македонија и Грција, да се искористи моментот


Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците денеска од Охрид порача дека многу е важно ако постои договор меѓу Македонија и Грција да се искористи тој момент и да се отвори евроатлоанскиот пат на Република Македонија. – За други наши ставови треба да се соберат органите на партијата, треба да се консултираме со нашите експерти …

Села: Ако има договор меѓу Македонија и Грција, да се искористи моментот Read More »

Пономарјов: Македонија цел на можна дестабилизација во пресрет на приемот во НАТО


Македонија трeба да биде подготвена на намерна дестабилизација на ситуацијата од страна на руски играчи во пресрет на можната покана за членство во НАТО доколку спорот со името биде решен, изјави за МИА Иља Пономарјов, пратеник во руската Дума. Како член на социјал-демократската партија Праведна Русија Пономарјев беше избран за пратеник на парламентарните избори во …

Пономарјов: Македонија цел на можна дестабилизација во пресрет на приемот во НАТО Read More »

Почеток на крајот на спорот за името?


Аналитичарите оценуваат дека топката сега е префрлена во домашните средини на Македонија и Грција. Проблемот за името влегува во нова фаза на преговори. Премиерот Зоран Заев од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија соопшти дека со грчкиот премиер Алексис Ципрас разгледале неколку опции од кои издвоиле една за која двете страни ќе се …

Почеток на крајот на спорот за името? Read More »

Ангел Димитров, историчар и дипломат: Мит е дека Македонија се ослободила сама


Кога зборуваме за генезата, треба да знаеме дека во современата Македонија постои неизвесен идентитет поради неколкуте луѓе кои ја создаваат генезата, потеклото на македонската нација, вели бугарскиот историчар и долгогодишен дипломат во Македонија, професор Ангел Димитров. Бугарската влада го назначи Димитров да ги води разговорите со македонската страна за спорните прашања и заедничката историја. Формирањето …

Ангел Димитров, историчар и дипломат: Мит е дека Македонија се ослободила сама Read More »

Британската премиерка Тереза Меј во Македонија


Делегација на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, предводена од премиерката Тереза Меј денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Церемонијата за добредојде на британската делегација, како што соопшти владината прес-служба, ќе се одвива на платото пред Владата на Република Македонија, по што е предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите …

Британската премиерка Тереза Меј во Македонија Read More »

Дончев: Македонија е во лоша состојба во здравството


Ситуацијата во здравството е лоша, благо речено. Инфраструктурата е на многу ниско ниво, организациската поставеност неефикасна, а информациските системи неинтегрирани. Иновативните лекови, пак, кои дојдоа на пазарот последниве години се достапни, но далеку од потребната количина, оцени директорот на Фондот за здравство Ден Дончев во вечерашното гостување на ТВ 24. Според Дончев, повеќе од јасно …

Дончев: Македонија е во лоша состојба во здравството Read More »

ПЕС ќе му предложи Европскиот совет во јуни да определи датум за старт на преговори со Македонија


Членките на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) кои имаат свои претставници во највисоките институции на ЕУ ќе му предложат на Европскиот совет на ЕУ во јуни да определи датум за старт на преговори со Македонија, соопшти СДСМ. Според СДСМ, Македонија има силна поддршка од сите членки на ПЕС. Тие ветија ангажман за да се унапредат перспективите на …

ПЕС ќе му предложи Европскиот совет во јуни да определи датум за старт на преговори со Македонија Read More »

Менаџери од водечки компании од Македонија и од странство доаѓаат на четвртиот FMCG самит во Скопје


Менаџери, сопственици, професионалци од секторот за трговија со стоки за широка потрошувачка ќе учествуваат на четвртиот Самит за трговија со стоки за широка потрошувачка (FMCG) што утре, 17. мај, ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје, а во организацијата на магазинот „InStore“. Своите знаења пред повеќе од 300 професионалци од средниот и од …

Менаџери од водечки компании од Македонија и од странство доаѓаат на четвртиот FMCG самит во Скопје Read More »

Бејли: Очекуваме напредок на Македонија кон НАТО


Американскиот амбасадор Џес Бејли ја реафирмираше поддршката на САД за интеграцијата на Република Македонија во НАТО. – Ние ги поддржуваме македонските аспирации за приклучување во НАТО веќе 25 години, секако очекуваме и сакаме да напредувате, одговори денеска Бејли на новинарско прашање дали на Самитот на ЕУ во Софија ќе се отвори патот на Македонија за …

Бејли: Очекуваме напредок на Македонија кон НАТО Read More »

Вардар е повторно првак на Македонија


Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во македонското првенство на едно коло до крајот на плејофот, откако со 38:25 го совладаа Пролет. За „црвено-црните“ ова е четврта титула во низа или вкупно 12-тата титула првак на Македонија. Сезонава Вардар рутински стигна до титулата во домашното првенство, без при тоа да има сериозна конкуренција. За разлика …

Вардар е повторно првак на Македонија Read More »

Анкета: Седумдесет отсто од Бугарите сакаат Македонија да биде примена во ЕУ


Бугарите ја поддржуваат интеграцијата на државите од Западен Балкан во Европската унија и сметаат дека нивната земја има интерес тие да станат дел од европското семејство, покажуваат резултатите од истражувањето на Центарот „Тренд“, изработено по нарачка на „24 часа“. “ Шеесет отсто од Бугарите го поддржуваат приемот на земјите од Западен Балкан во Европската унија. …

Анкета: Седумдесет отсто од Бугарите сакаат Македонија да биде примена во ЕУ Read More »

Почнува македонско-бугарската експертска дебата за историски и образовни прашања


Владите на Македонија и на Бугарија ги утврдија составот и членовите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и на Заедничката меѓувладина комисија, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, а се очекува деновиве во Софија експертската комисија да ја има првата средба. Како што изјави за МИА владиниот портпарол Миле Бошнаковски, Владата за …

Почнува македонско-бугарската експертска дебата за историски и образовни прашања Read More »

Зголемен бројот на туристи


Бројот на туристите во Македонија во периодот јануари – март 2018 година е зголемен за 17,3 отсто во однос на истиот период лани, а на ноќевањата за 17,7 проценти, покажува статистиката. Раст на бројот на туристи од 25,1 процент е евидентиран и за март годинава во споредба со истиот месец лани, како и на ноќевањата, …

Зголемен бројот на туристи Read More »

УХМР: Попладнево повремени поројни врнежи со ретки грмежи


Низ Македонија попладнево имаше  повремени локални врнежи од пороен дожд, проследени со ретки грмежи и слаб до умерен ветер од северен правец. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека за девет часа (до 17 часот)  најмногу дожд наврнал во Ѓуриште, 11 литри на метар квадратен. Во Скопје три и во Струмица два литра на квадратен метар. До …

УХМР: Попладнево повремени поројни врнежи со ретки грмежи Read More »

Преку 70 отсто од германските инвеститори повторно би вложиле во Македонија


Иако сметаат дека актуелната економска ситуација во Македонија е полоша од лани, повеќето германски инвеститори очекуваат подобри деловни резултати годинава во споредба со 2017-та. Тие не се задоволни од сузбивањето на корупцијата и криминалот, правната сигурност и ефикасноста на јавната администрација, но и покрај тоа, 72 отсто се изјасниле дека повторно би инвестирале тука. Ова …

Преку 70 отсто од германските инвеститори повторно би вложиле во Македонија Read More »

Столтенберг: Македонија ќе добие покана за членство во НАТО само ако го реши спорот за името


Македонија ќе добие покана за членство во НАТО ако го реши чувствителното и тешко прашање за името, изјави генералниот секретар на Западната воена алијанса (НАТО), Јенс Столтенберг. Во интервју за грчката агенција АНА, Столтенберг изјави дека проширувањето на НАТО е голем успех и истакна дека вратата на овој воен сојуз останува отворена. „Од крајот на …

Столтенберг: Македонија ќе добие покана за членство во НАТО само ако го реши спорот за името Read More »

Индиски компании заинтересирани за инвестирање во Македонија


Индиските компании се заинтересирани да инвестираат во текстилната индустрија и во земјоделскиот сектор во Македонија. Интерес има и за филмската индустрија и за информатичката технологија. Ова денеска во Скопје му го пренел индискиот министер за текстил и индустрија Ајау Тамта на македонскиот министер за економија Крешник Бектеши. Од Министерството за економија информираат дека на средбата …

Индиски компании заинтересирани за инвестирање во Македонија Read More »

Фејсон: Македонија има голем напредок во борбата против ХИВ и туберколоза


Македонија има направено голем напредок во борбата против ХИВ и туберколозата и во споредба со останатите земји во регионот има ниска преваленца на ХИВ, оценува директорот за комуникации при Глобалниот фонд, Сет Фејсон. На попладневната прес-конференција во Скопје, директорот за комуникации при Глобалниот фонд посочи дека добрите здравствени програми и нивното финансирање се двата главни …

Фејсон: Македонија има голем напредок во борбата против ХИВ и туберколоза Read More »