Врнежи од дожд и снег и ноќеска


Врнежите ќе продолжат и во ноќните часови и ќе се преместуваат на исток. На повеќето места ќе врне снег, на пониските места во централните делови ќе бидат мешани од дожд и снег, а на крајниот југоисток од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Времето во Македонија е облачно со врнежи претежно од снег, а долж …

Врнежи од дожд и снег и ноќеска Read More »

Поради врнежи од снег во прекин сообраќајот на патот Берово-Виница


Од 18.10 часот вечерва поради снежни врнежи е во прекин патниот правец Берово-Виница за патнички и за тешки товарни возила, информираат од Автомотосојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на …

Поради врнежи од снег во прекин сообраќајот на патот Берово-Виница Read More »

Ангеловски пред дуелот со Лихтенштајн: Играме за голема цел, најважни се трите бода


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски пред вечерашниот натпревар со Лихтенштајн од Лига на нации со победнички уверувања од Вадуц. „Атмосферата секогаш била на највисоко ниво. Ќе изберам 11 фудбалери кои треба да ја донесат победата. Верував во оваа репрезентација кога малкумина веруваа. Но, главното што треба да го направат е вечерва. Не е …

Ангеловски пред дуелот со Лихтенштајн: Играме за голема цел, најважни се трите бода Read More »

Заев: Македонија во НАТО најдоцна во 2020 година


Премиерот Зоран Заев денеска повика постапката за помирување да се води низ транспарентен процес под будното око на јавноста за на крајот, како што рече, да успееме да направиме целосно помирување во општеството за да имаме подобра Македонија вредна за достоинствен живот. Очекува дека во текот на следната недела ќе биде утврден составот на Комисијата …

Заев: Македонија во НАТО најдоцна во 2020 година Read More »

Косово: Затворен патот кон Македонија


Патот кој го поврзува Качаник со Генерал Јанковиќ, односно со границата со Македонија на преминот Блаце, денеска ќе биде затворен неколку часа поради градежни работи на таа делница од новиот автопат Приштина-Скопје, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти косовското Министерство за инфраструктура, патот ќе биде затворен во текот на денешниот ден од …

Косово: Затворен патот кон Македонија Read More »

ЕБОР: Растот на македонската економија годинава два осто


Англија- Најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој за растот на македонската економија за годинава е два отсто. Во извештајот за економските перспективи, ЕБОР за 2019 година предвидува раст на БДП од три проценти. Во делот за Македонија Банката наведува дека се забележува умерено раздвижување, но се уште помало од вкупниот раст на регионот. …

ЕБОР: Растот на македонската економија годинава два осто Read More »

Борисов: Стискаме палци, ама не ви се мешаме


Договорот со Бугарија и Договорот со Грција отворија голема перспектива за Македонија, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина, бугарскиот премиер Бојко Борисов кој учествуваше на Третиот евро-арапски самит што во изминатите два дена се одржа во грчката престолнина. Борисов порача дека „стискаат палци и и посакуваат успех на Македонија“, а коментирајќи ги …

Борисов: Стискаме палци, ама не ви се мешаме Read More »

Раул Гонзалес: Одигравме многу лошо


Македонија не ја оправда фаворитската улога и претрпе пораз од Грција во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а селекторот Раул Гонзалес изрази загриженост за лошата игра на нашиот национален тим. – Одигравме многу лошо, а не игравме добро ниту против Турција. Денеска против Грција не функционираше ниту нападот, ниту пак одбраната. Иако сите мислеа со колкава разлика ќе ги победиме Турција и Грција, сепак …

Раул Гонзалес: Одигравме многу лошо Read More »

Македонија шокирана од Грција, Лазаров: Срамота


Македонската ракометна репрезентација доживеа тежок пораз во квалификациите од ЕП 2020 година. Попладнево, подобри од Лазаров и друштвото беа грчките ракометари, кои во Кожани славеа со 28-26 (10-12) и забележаа историска победа, имајќи предвид дека станува збор за репрезентација што е меѓу послабите во Европа и која никогаш не се пласирала на некое големо натпреварување. …

Македонија шокирана од Грција, Лазаров: Срамота Read More »

За осум години – убиени 70 жени


Во периодот од 2008 до 2016 година во Македонија се случиле вкупно 70 убиства на жени. Со оглед на тоа што институциите не препознаваат податоци за фемицид, бидејќи не е дефиниран како посебно кривично дело и не е инкорпориран во Кривичниот законик, идентификувани се 54 жртви, а во 51 случај има основа за фемицид. Пристап …

За осум години – убиени 70 жени Read More »

Метју Палмер на 22 октомври во Македонија


Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, в понеделник на 22 октомври ќе престојува во посета на Македонија за да разговара за американската поддршка на договорот од Преспа и за важноста на македoнската реформска агенда, соопшти амбасадата на САД во Скопје. Палмер ќе се сретне со владини и политички претставници, меѓу кои и премиерот Зоран …

Метју Палмер на 22 октомври во Македонија Read More »

Вучиќ: Место да признаат за референдумот, играат мнозинство


По неуспехот на референдумот во Македонија и изборите во БиХ се охрабрувам да кажам дека имаме потреба од посилна ЕУ во регионот. Потребно ни е нешто опипливо, не само поддршка, туку потребно ни е исполнување на ветувањата од Европа, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на Белградскиот безбедоносен форум. На отворањето на форумот, Вучиќ заедно со …

Вучиќ: Место да признаат за референдумот, играат мнозинство Read More »

Македонија официјално ги почнува претпристапните разговорите за членство во НАТО


Со посетата на членовите на Комитетот за интеграција во НАТО и на Работниот комитет за интерација на седиштето на Алијансата во Брисел денеска и утре почнуваат претпристапните разговори за членство на Македонија во најголемиот воено-политички сојуз во светот. Македонија на Самитот на НАТО во Брисел во јули и официјално доби покана за членство, но влезот …

Македонија официјално ги почнува претпристапните разговорите за членство во НАТО Read More »

Македонија на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност


Македонија е рангирана на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност што го изработува Светскиот економски форум. Во извештајот за 2018 година се вклучени 140 земји. Светскиот економски форум го изработува извештајот врз основа на 12 критериуми: продуктивност, институции, инфраструктура, развој на ИКТ сектор, макроекономска стабилност, здравство, образование, технолошката подготвеност, пазар на труд, финансиски систем, големина на пазар, …

Македонија на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност Read More »

Лига на Нации: Ерменија го запре налетот на Македонија


Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Ереван беше убедливо поразена од Ерменија со 4:0 (1:0) во меч од групата 4 во Д-дивизијата на Лигата на нациите. За Македонија ова беше првиот пораз во натпреварувањето. Прецизни за домаќините беа Маркос Пицели (12), Јура Мовсисјан (67), Геворг Газарјан (81) и ѕвездата на Арсенал, Хенрик Мхитарјан во 90-тата …

Лига на Нации: Ерменија го запре налетот на Македонија Read More »

Премиерот и вчера разговарал со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ


Очекувам да се изнајде храброст, да се надминат партиските и политичките предрасуди, спреги и да се внимава на иднината на државата, затоа што оваа шанса е неповторлива. Одлуката која ја носиме е со огромна одговорност и важност за иднината на граѓаните и верувам дека сите ние пред се и над се ќе мислиме на нашата …

Премиерот и вчера разговарал со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Јовановски, Спасов, Колбе…во составот на македонско- грчкиот комитет


Атина – Универзитетските професори Далибор Јовановски, Никос Чаусидис, Људмил Спасов, Ана Чупеска-Станишковска, Фахри Рамадани и Кица Колбе, се членовите од македонска страна во Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) со Грција – за историски, археолошки и образовни прашања. Предводник на тимот од македонска страна, како што е познато, е амбасадорот Виктор Габер. Од Грција, пак, …

Јовановски, Спасов, Колбе…во составот на македонско- грчкиот комитет Read More »

ММФ ја намали прогнозата за раст на македонската економија


Економскиот раст на Македонија годинава ќе биде 1,6 проценти, предвидува Меѓународниот монетарен фонд во есенскиот извештај „Перспективите на светската економија“. Претходнодната проценка на ММФ за растот на македонската економија беше 2,8 отсто. ММФ за наредната година прогнозира дека БДП на Македонија ќе порасне за 2,6 проценти, а до 2023 година годишен раст од 3,4 отсто. Од земјите …

ММФ ја намали прогнозата за раст на македонската економија Read More »

Рускиот амбасадор во Тирана: Русија не се меша во Македонија


Рускиот амбасадор во Тирана, Александар Карпушин за време на престојот во градот Корча изјави дека прашањето за името на Македонија и членството во НАТО е одлука на народот. Тој ја отфрла можноста за вмешаност на Русија во ова, но од друга страна ја советува Македонија да не брза да стане дел од НАТО. Сметам, додава тој, …

Рускиот амбасадор во Тирана: Русија не се меша во Македонија Read More »

Финските бизнисмени сакаат македонски партнери


Македонија сака да ја интензивира економската соработка со Финска, особено во ИКТ-индустријата, прехранбената, металната индустрија и животната средина. Во моментов трговската размена меѓу двете земји изнесува 12 милиони евра, а финските компании се особено заинтересирани за македонските текстилни производи и за индустријата за пластика. Бизнисмени од двете држави се сретнаа вчера во Скопје на бизнис-форум …

Финските бизнисмени сакаат македонски партнери Read More »