Во Кривичен пристигна супервештачењето за Ласкарци, судењето продолжува на 24 јануари


Во Основниот Кривичен суд Скопје непосредно пред денешната расправа за случајот „Ласкарци“ пристигна вештиот наод од Бирото за вештачење и истиот им беше доставен на обвинителот и обвинетите преку нивните бранители. Судењето продолжува на 24 јануари со формално отпочнување од почеток, заради проток на подолг временски период, по што ќе започне со сослушување на вештите …

Во Кривичен пристигна супервештачењето за Ласкарци, судењето продолжува на 24 јануари Read More »

Вештите лица ги спровеле сите неопходни увиди и анализи за автобуската несреќа кај Ласкарци


 Бирото за судски вештачења го информирал Основниот кривичен суд Скопје дека вештите лица досега ги спровеле сите неопходни увиди и анализи за  сообраќајната несреќа кај село Ласкраци, а по изведување на заклучоците од реализираниот увид на возилото ќе го финализира изготвувањето на супервештачењето и предметот со сите списи ќе биде вратен на понатамошно постапување. -Бирото …

Вештите лица ги спровеле сите неопходни увиди и анализи за автобуската несреќа кај Ласкарци Read More »

Судот му даде рок до 5 декември на Бирото за супервештачењето за Ласкарци


 Претседателот на судечкиот совет кој го води предметот со К.бр. 1407/19, поврзан со автобуската несреќа која се случи кај селото Ласкарци и претседателот на Кривичниот суд, денеска остварија средба со претставници и роднини на оштетените лица во случајот. Надлежниот судија и претседателот, како што информираат од Основниот кривичен суд, се согласни со претставниците на оштетените …

Судот му даде рок до 5 декември на Бирото за супервештачењето за Ласкарци Read More »

Убиство во Ласкарци


Во СВР Скопје вчера во 21.31 часот во скопско Ласкарци две лица од огнено оружје пукале кон Р.Ќ.(34) од с.Ласкарци. Тој се здобил со повреди, по што починал во возило на Итна медицинска помош при транспорт до Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Tри години од трагедијата кај Ласкарци


На годишнината од трагедијата во која животите ги загубија 16 лица од селото Ласкарци, општинска делегација ќе го посети местото на каде што се случи сообраќајната несреќа и ќе се организира комеморативен собир. Од локалната самоуправа информираа дека градоначалникот во Арбен Таравари во 13:30 часот ќе положи цвеќе на местото на трагедијата на локалниот пат …

Tри години од трагедијата кај Ласкарци Read More »

Кривичен суд: Техничкиот факултет во Битола не прифаќа да го изврши супервештачењето за „Ласкарци“


 Од Техничкиот факултет во Битола, каде по наредба на судот за супервештачење беше испратен предметот поврзан со автобуската несреќа во село Ласкарци, на 17 декември 2021 година добиено е известување дека Факултетот не прифаќа да го изврши супервештачењето неопходно за затварање на доказната постапка по предметот и донесување првостепена пресуда, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. …

Кривичен суд: Техничкиот факултет во Битола не прифаќа да го изврши супервештачењето за „Ласкарци“ Read More »

Младата Ерза не успеа да се избори за живот


По петнеделна битка за живот, дваесетгодишната Ерза Османи од Гостивар им подлегна на повредите од стравотната автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово. Нејзиното срце престана да чука вчера околу 13 часот на скопските клиники. „И покрај сите напори на лекарите да и го спасат животот и да и ги санираат повредите, девојката, сепак, почина“, …

Младата Ерза не успеа да се избори за живот Read More »

Уште една жртва на сообраќајката кај Ласкарци: Почина 19-годишна девојка


Уште една жртва на трагичната автобуска несреќа на патот Скопје – Тетово. Денеска, на повредите им подлегна 19-годишната девојка, на која, по несреќата и беше ампутирана ногата. „И покрај сите напори на лекарите да и го спасат животот, односно да ги санираат повредите, девојката почина денеска околу 13 часот“, потврди за „Независен весник“, д-р Алберт …

Уште една жртва на сообраќајката кај Ласкарци: Почина 19-годишна девојка Read More »

Криминални пропусти стојат зад трагедијата во Ласкарци


Возачот на автобусот, кој однесе во смрт 15 луѓе што тој ден тргнале од работа или од факултет се враќале од Скопје кон Гостивар, возел со 99 километри на час. Кај селото Ласкарци изгубил контрола над управувачот, односно воланот. Од средната коловозна лента по која возел, преминал на левата коловозна лента, ја пробил оградата, преминал …

Криминални пропусти стојат зад трагедијата во Ласкарци Read More »

Автобусот на „Дурмо турс“ се движел пребрзо, со 100 км/ч, изгубил контрола


Несоодветната брзина и нецелосното функционирање на сопирачките се причина за несреќата што се случи кај Ласкарци, на 13 февруари, во која загинаа 15 лица. Истрагата на Јавното обвинителство утврдила дека автобусот се движел со брзина од 100 км/ч и изгубил контрола. Возачот немал здравствени проблеми. Приведени де шест лица, меѓу кои и возачот и сопственикот …

Автобусот на „Дурмо турс“ се движел пребрзо, со 100 км/ч, изгубил контрола Read More »

Приведени возачот на автобусот и сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата кај Ласкарци


По автобуската несреќа која се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци, каде што животот го загубија 15 лица, а многу други беа повредени, полицијата приведе шест лица. „Алсат“ неофицијално дознава дека меѓу приведените лица се и возачот на автобусот како и сопственикот на „Дурмо Турс“. Во врска со деталите …

Приведени возачот на автобусот и сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата кај Ласкарци Read More »

ОЈО Скопје ќе презентира информации за автобуската несреќа кај село Ласкарци


Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев денеска на прес-конференција ќе презентира информации за текот на постапката во врска со автобуската несреќа кај село Ласкарци. Во автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, загинаа 15 лица. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот …

ОЈО Скопје ќе презентира информации за автобуската несреќа кај село Ласкарци Read More »

Филипче: Морбилите и сообраќајката кај Ласкарци покажаа дека имаме ефикасен инструмент за навремен одговор


Работилница на Светската здравствена организација, посветена на процесот на заедничка надворешна евалуација на Меѓународниот здравствен правилник, усвоен од Генералното собрание на СЗО почна денеска во Скопје. Со Меѓународниот здравствен правилник земјите-членки се обврзуваат да преземат мерки и активности во однос на превенција, контрола и навремен јавно-здравствен одговор при меѓународно ширење болести, соопшти Министерството за здравство. …

Филипче: Морбилите и сообраќајката кај Ласкарци покажаа дека имаме ефикасен инструмент за навремен одговор Read More »

Kомпанијатa „Еуросиг“ ќе исплати отштета од над 800 илјади евра за сообраќајката кај Ласкарци


Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија за осигурувањето Климе Попоски денеска на прес-конференција рече дека во овој случај најверојатно ќе биде исплатена максималната законски предвидената сума. – Во Законот за здолжително осигурување има пропишано максимален износ на штета предизвикана од автобус. Максималниот износ по еден осигурителен случај може да изнесува 675 илјади …

Kомпанијатa „Еуросиг“ ќе исплати отштета од над 800 илјади евра за сообраќајката кај Ласкарци Read More »

Две недели по автобуската несреќа: Патниците сведочат, виновник нема


Две недели по трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, надлежните сè уште немаат одговор на клучното прашање: што беше причината што автобусот на „Дурмо турс“ излета од патот и однесе во смрт петнаесет патници. Од Основното јавно обвинителство велат дека истрагата е во тек, трае сослушувањето на патниците, но нивните искази не може да се …

Две недели по автобуската несреќа: Патниците сведочат, виновник нема Read More »

ЈО знае за заканите на возачот од автобуската несреќа кај Ласкарци


Возачот на автобусот од трагичната несреќа кај Ласкарци бил мета следење и на закани по животот – ова денеска го обелодени ОЈО. Првиот човек на оваа институција Љубомир Јовевски апелираше да се почитува пресумпцијата на невиност бидејќи и возачот бил дел од несреќата. Јовески посочи дека истрагата се уште е во тек, се сослушуваат сведоци, …

ЈО знае за заканите на возачот од автобуската несреќа кај Ласкарци Read More »

Јовески: Се прибираат докази за несреќата кај Ласкарци


Обвинителството не може конкретно во овој момент да ја посочи одговорноста на лице за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, се прибираат докази и во оној момент кога ќе ги обезбедат вештачењата и сообраќајното и техничкото ќе донесе соодветна обвинителска одлука, информираше државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната заедничка прес-конференција со обвинителката Вилма Русковска од Основното јавно обвинителство …

Јовески: Се прибираат докази за несреќата кај Ласкарци Read More »

Идентификувани девет жртви од автобуската несреќа кај Ласкарци


Идентификувани се девет од четиринаесет жртви кои ги загубија своите животи во трагичната автобуска несреќа на патот Скопје-Тетово. Ајден Исмаили Зоран Давидовски Раметула Абдурахими Јовица Трпевски Онур Садику Бесим Камбери Бобан Аврамовски Есад Емрули Павле Костовски Во трагичната сообраќајна несреќа животот го загубија 14 лица, а со повреди се здобија над триесетина.

Тешката сообраќајка кај Ласкарци меѓу првите вести во регионот


Медиумите од регионот јавуваат за вчерашната тешка сообраќајка што се случи на патот Скопје – Тетово и во која, засега, според официјалните информации, има 14 загинати лица. „Протекуваат детали за страшната несреќа во која загинаа најмлку 14 лица“, „При превртување на автобус во Македонија 14 мртви: Уште четири лица се борат за живот“, „Објавена причината …

Тешката сообраќајка кај Ласкарци меѓу првите вести во регионот Read More »