Ковачевски: Духовно-просветителското наследство на светите браќа Кирил и Методиј има безвременско значење
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители,светите браќа Кирил и Методиј, испрати телеграма со честитки до архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ценетото свештенство и монаштво, како и до сите православни верници …