50 години ЗЕЛС: Развиените општини значат посилна економија


Многу е важна соработката на централната и локалната власт, развиените општини значат посилна економија, порача денеска премиерот Димитар Ковачесвки пред настанот по повод 50 години од постоењето на ЗЕЛС. Како што истакна Ковачевски, целта на Владата е сите ресурси да се насочат кон севкупен развој на државата. -Државата силно го подджува рамномерниот регионален развој и …

50 години ЗЕЛС: Развиените општини значат посилна економија Read More »

Ковачевски се обрати до граѓаните: Го разбирам гневот по настаните во Битола


  Откако Македонија беше зафатена од вител на жестоки реакции по контроверзното отворање на Културниот центар на Бугарите „Иван Михајлов“ во Битола, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека „со последната посета на бугарската делегација во Битола се разбудија духовите од минатото“. И дека „провокации кои ги повредуваат нашите чувства како граѓани ја загрозуваат определбата за членство …

Ковачевски се обрати до граѓаните: Го разбирам гневот по настаните во Битола Read More »

Ковачевски за „То вима“: Долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата


Долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата во целина, проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја стабилизира демократијата. Многу е важно Северна Македонија и Албанија да ги започнат пристапните преговори со ЕУ без одлагање, вели премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски за грчкиот весник „То вима“, истакнувајќи дека особено …

Ковачевски за „То вима“: Долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата Read More »

Ковачевски: Платите на администрацијата треба да растат, но тоа да биде проследено со реформи во јавниот сектор


Премиерот Димитар Ковачевски денеска посочи дека платите во јавната управа треба да растат, но тоа треба да биде проследено и со реформи во овој сектор кој брои околу 138 илјади вработени, бидејќи, граѓаните очекуваат да добиваат и повисоки услуги. Зборувајќи на економскиот форум на „Заматен поглед нанапред: Многубројни неизвесности ги поткопуваат економските изгледи?” во организација …

Ковачевски: Платите на администрацијата треба да растат, но тоа да биде проследено со реформи во јавниот сектор Read More »

(Во живо) Премиерот Ковачевски на Економскиот форум во организација на „Finance Think“


Премиерот Димитар Ковачевски учествува на Економскиот форум на тема „Заматен поглед нанапред: Многубројни неизвесности ги поткопуваат економските изгледи?” во организација на „Finance Think“. Разговорот со премиерот Ковачевски за актуелните економски теми го води Благица Петрески, извршна директорка на „Finance Think“.    На Економскиот форум на панел сесиите учествуваат и министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-претседателот …

(Во живо) Премиерот Ковачевски на Економскиот форум во организација на „Finance Think“ Read More »

Ковачевски преноќил на Инфективна поради можно труење со храна


Премиерот Димитар Ковачевски синоќа бил примен на Инфективната клиника поради болки во стомакот. -Да, имаше премиерот здравствен преглед. Беше на Инфективната клиника поради одредени проблеми, кои што се најверојатно поради труење со храна, информира вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Топ тема“. Според него, во моментов Ковачевски е дома и е во …

Ковачевски преноќил на Инфективна поради можно труење со храна Read More »

Влада: Новоименуваните 12 надворешни советници на премиерот Ковачевски се докажани експерти и универзитетски професори


 Реномирани универзитетски професори, долгогодишни експерти докажани по својата стручност, секој во својата област во земјава и на меѓународно ниво, се новоименуваните 12 надворешни советници на претседателот на Владата Димитар Ковачевски, информираат од Владата. -Со одлука на Влада, значително е намален бројот на лица кои го советуваат премиерот Ковачевски. Наместо претходниот тим од над 50, сегашниот …

Влада: Новоименуваните 12 надворешни советници на премиерот Ковачевски се докажани експерти и универзитетски професори Read More »

Ковачевски апелира да не запира процесот на образование и да се продолжи со дијалогот за да се изнајде прифатливо решение


Ги повикувам наставниците од основните и средните училишта да ги стават интересите на децата на прво место и да се погрижат да не се наруши образовниот процес. Учениците треба да бидат во училиштата, таму каде што припаѓаат, истакнува премиерот Димитар Ковачевски во врска со за утре најавениот штрајк на СОНК. – По долгото пандемиско отсуство …

Ковачевски апелира да не запира процесот на образование и да се продолжи со дијалогот за да се изнајде прифатливо решение Read More »

Ковачевски: Низ социјален дијалог со синдикатите до решение кое нема да ја зголеми инфлацијата


Владата ќе остане посветена на изнаоѓање решенија за сите прашања што ги отворија синдикатите, истакнува во интервју за МИА, претседателот на Владата Димитар Ковачевски. „Синдикатите бараат уште повеќе зголемување на платите. Ние нормално дека разговараме со нив, сите одлуки до сега беа носени низ социјалниот дијалог со синдикатите. Меѓутоа треба да ги имаме предвид сите …

Ковачевски: Низ социјален дијалог со синдикатите до решение кое нема да ја зголеми инфлацијата Read More »

Ковачевски на Делфи форумот ќе се сретне со Ескобар, Лајчак и Курти


Премиерот Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација на седмиот Делфи економски форум во Грција. На Делфи економскиот форум, денеска премиерот Ковачевски ќе оствари работни состаноци со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград …

Ковачевски на Делфи форумот ќе се сретне со Ескобар, Лајчак и Курти Read More »

Познати се 15-те советници на премиерот Ковачевски


Порталот на неделникот „Фокус“ ги обелодени имињата на надворешните советници на премиерот Димитар Ковачевски. Во него се повеќе познати имиња од земјава, а има и неколку од странство.  Како што пишува „Фокус“, меѓу советниците се и неколку стари имиња, како Едмонд Адеми (надворешни работи), Исмет Рамадани (евроатлански вредности), Нина Фити (финансии), Драган Василевски (одбрана), како …

Познати се 15-те советници на премиерот Ковачевски Read More »

Нема минимална плата, оти треба да се сменат други закони, разликата ќе биде исплатена


 Сите вработени во јавниот сектор кои нема да добијат минимална плата за март во износ од 18 илјади денари, разликата ќе ја добијат откако во Собранието ќе бидат усвоени законските решенија кои тоа треба да го овозможат. -При носењето законски решенија за минимална плата од 18 илјади денари јас кажав дека сите вработени во јавниот …

Нема минимална плата, оти треба да се сменат други закони, разликата ќе биде исплатена Read More »

Ковачевски: Уставот се менува низ уставна процедура


Премиерот Димитар Ковачевски вели дека се што ќе значи унапредување на односите помеѓу сите граѓани и на државата ќе биде добра основа за промена на Уставот и порачува дека со членството во ЕУ сите граѓани ќе бидат еднакви и оти треба да се носат одлуки за остварување на таа цел. При денешната посета на Кичево, …

Ковачевски: Уставот се менува низ уставна процедура Read More »

Десет мегаватната фотонапонска централа „Осломеј 1“ пуштена во тест производство


Соларната централа изградена од државната компанија за енергија во земјава, 10-мегаватната „Осломеј 1“ денеска беше пуштена во тест производство. Оваа централа е карактеристична по тоа што е прв проект кај нас, но и пошироко во регионто на југоисточна Европа кој значи постепена замена на капацитет кој работи со класични енергенти – јагленот, со чиста енергија. …

Десет мегаватната фотонапонска централа „Осломеј 1“ пуштена во тест производство Read More »

Премиерот Ковачевски во посета на фотонапонската електрана „Осломеј 1-10MW“


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети локацијата на која се гради фотонапонска електрана „Осломеј 1-10MW“. Ковачевски ќе биде придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски. Со посетата ќе се одбележи завршувањето на градбата на електраната со тест период на целосно монтирана опрема.

Ковачевски и Битиќи во посета на „БиМилк“ во Битола


Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе ја посетат компанијата „БиМилк“ во Битола. Компанијата е една од најголемите производители на млеко и млечни производи во Северна Македонија. Од владината прес-служба најавија дека по посетата на производствениот капацитет планирани се изјави за медиумите.

Треба да се најде избалансирано решение за раст на платите во образованието, вели Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски смета дека треба да се најде избалансирано решение за раст на платите во образованието до кое ќе се дојде низ економско-социјален дијалог.   Тој во синоќешното интервју за емисијата „360“ на телевизија Алсат истакна дека дијалогот со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) е отворен и дека се разговара за методологија …

Треба да се најде избалансирано решение за раст на платите во образованието, вели Ковачевски Read More »

Бектеши: Спречивме големо поскапување на струјата и парното


Во услови кога цела Европа е соочена со една од најголемите енергетски кризи, Владата преку АД ЕСМ успеа со навремени мерки да се справи со ценовниот шок кој што беше неминовен. Успеавме да обезбедиме минимален раст на цената на струјата и парното, а во време кога сите земји во регионот имаат рестрикции на струја, обезбедивме …

Бектеши: Спречивме големо поскапување на струјата и парното Read More »

Што ѝ порачаа германските компании во земјава на Владата


Преку 50 отсто од компаниите во земјава кои се извозно ориентирани и чија трговска размена е главно со Германија и ЕУ, очекуваат дека годинава ќе биде потешка од минатата, покажа анкета споведена од Прокредит банка, во која се опфатени поголеми компании од различни индустрии. Но, покрај цената на енергијата и на материјалите, каде што земјава, …

Што ѝ порачаа германските компании во земјава на Владата Read More »

Ќе треба уште 100 милиони за ЕСМ, ќе се задолжуваме и кај ЕБОР


Васко Ковачевски, генералниот директор на АД ЕСМ, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека на компанијата до крајот на годината ќе и бидат потребни уште 100 милиони евра за да ја покрие разликата помеѓу производствената и продажната цена за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. – Од минатата година од ноември па до сега се …

Ќе треба уште 100 милиони за ЕСМ, ќе се задолжуваме и кај ЕБОР Read More »