Прислушувањето на опозицискиот лидер може да го урне грчкиот премиер Мицотакис


  АТИНА – Во поголемиот дел од минатата недела грмотевици и пороен дожд ја зафатија Атина, означувајќи драматичен крај на летото инаку наелектризирано од разговорите за шпионски софтвер, сајбер-платеници, шпионажа и прислушување. Додека сонцето повторно изгреа во петокот, тоа беше многу расположение додека прерано свиканиот парламент на Грција расправаше за скандалот со прислушување телефони чиешто …

Прислушувањето на опозицискиот лидер може да го урне грчкиот премиер Мицотакис Read More »

Гневна реакција на новинарите во Грција по обидот владата да ги замолчи


  Здружението на странски дописници (ФПА) во Грција испрати остро писмо до грчката влада по обидот на нејзиниот портпарол јавно да дискредитира еден негов член дека во своите извештаи за „Политико“ бил пристрасен кон главната опозициска партија. Претседателката на Здружението странски дописници  –новинарката Нектарија Стамули – беше обвинета од владата на Нова демократија за време …

Гневна реакција на новинарите во Грција по обидот владата да ги замолчи Read More »

Угостителски објекти во Грција затаиле приход од над пет милиони евра


  Независната управата за јавни приходи на Грција открила 14 угостителски објекти кои преку платформите за достава на храна и неиздавањето фискални сметки затаиле приход од над пет милиони евра, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, угостителските објекти не издале 449.000 сметки за нарачки во висина од 5,15 милиони …

Угостителски објекти во Грција затаиле приход од над пет милиони евра Read More »

Лани во Грција имало речиси половина милион посетители од Северна Македонија


  Со нешто помалку од половина милион посетители, Северна Македонија е на 11-то место меѓу топ 15 земји со најголем број посетители во Грција за 2021 година, согласно анализата на Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Под наслов „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци …

Лани во Грција имало речиси половина милион посетители од Северна Македонија Read More »

Грција со два авиони ѝ помага на Франција во гаснењето на пожарите


Грција вчера испрати во Франција два авиони од типот Канадер (Canadair CL-415) за да помогнат во гаснењето на пожарите, јави дописничката на МИА од Атина. Авионите беа испратени откако француските власти преку Европскиот механизам за цивилна заштита и rescEU побараа помош за справување со големите шумски пожари, особено во југозападниот и југоисточниот дел на земјата. …

Грција со два авиони ѝ помага на Франција во гаснењето на пожарите Read More »

Намалена невработеноста во Грција


За 0,4 отсто во споредба со мај годинава и за 2,9 проценти во споредба со јуни 2021 година, се намалила невработеноста во Грција, која за месец јуни изнесува 12,1 отсто, согласно официјалните податоци од Грчката служба за статистика, а според надлежниот министер веќе е на нивото од 2010 година, јави дописничката на МИА од Атина. …

Намалена невработеноста во Грција Read More »

Директорот на службата за разузнавање на Грција и генералниот секретар на грчката Влада си поднесоа оставки


Директорот на Националната служба за разузнавање на Грција (ЕИП) Панајотис Кондолеон и генералниот секретар на грчката Влада Григорис Димитриадис денеска ги доставија нивните оставки до грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој ги прифати, а опозициските партии оставките ги поврзуваат со случајот со прислушкувањата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Директорот на службата за разузнавање Кондолеон, …

Директорот на службата за разузнавање на Грција и генералниот секретар на грчката Влада си поднесоа оставки Read More »

Грција ја поддржува „политиката на една Кина“


 „One China policy“, односно политиката на една Кина е позицијата на Грција, изразена како од владиниот портпарол и шефот на грчката дипломатија, така и од опозициската СИРИЗА, јави  дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на новинарско прашање за односите Кина-Тајван, рече дека на …

Грција ја поддржува „политиката на една Кина“ Read More »

Започнува еколошката обнова на грчкиот Национален парк Дадиас по катастрофалниот пожар


Мапирање и проценка на промените во екосистемите; ангажирање привремен персонал, орнитолози и шумари; грижа за дивите животни во соработка со надлежните органи и невладини организации; одредување ризик од поплави и мерки за заштита доколку е потребно; повторување на пописот на птиците грабливки на пролет; подготовка на долгорочен план за следење на текот на обновата во …

Започнува еколошката обнова на грчкиот Национален парк Дадиас по катастрофалниот пожар Read More »

За една седмица над 122.000 заразени и 355 починати од Ковид-19 во Грција


Во изминатата седмица во Грција е регистриран за 21 отсто зголемен број смртни случаи од Ковид-19, вкупно 355 починати, но и за 11 проценти намален број на позитивни случаи, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 25 до …

За една седмица над 122.000 заразени и 355 починати од Ковид-19 во Грција Read More »

Пожарникари од Франција, Норвешка и Финска пристигнуваат во Грција за да ѝ помагаат во пожарите


Во рамките на европската програма што предвидува над 200 пожарникари од шест европски земји да ѝ помагаат на Грција во гаснењето на пожарите, во следниот период заедно со грчките ќе бидат и пожарникарите од Франција, Норвешка и Финска, јави дописничката на МИА од Атина. Францускиот тим од 25 пожарникари ќе бидат распоредени во областа Атика, поширокиот регион на …

Пожарникари од Франција, Норвешка и Финска пристигнуваат во Грција за да ѝ помагаат во пожарите Read More »

Јавниот долг на Грција стигна до 193 насто од БДП


  Грчкиот јавен долг значително се зголеми во споредба со минатата година и во услови на глобалната криза на цените и високата инфлација, ставајќи го нивото на вкупниот долг на 193% од БДП, што доведува до загриженост дека земјата може да се движи кон финансиски крах. Во Грција, инфлацијата за јуни изнесуваше 11,6%, од 10,5% …

Јавниот долг на Грција стигна до 193 насто од БДП Read More »

Силен земјотрес во Грција


Во Грција денеска регистриран земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил со епицентар на 28 км североисточно од градот Патра.

Во пожарот во грчкиот Национален парк Дадиа во Еврос досега изгореле 12 отсто од заштитената шума


Околу 3.410 хектари или 12 отсто од заштитениот регион Натура 2000 досега изгореа во пожарот во  Националниот парк Дадиа во Еврос, активен веќе седми ден, а противпожарните сили секојдневно, од копно и воздух се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина. Според сликата од сателитот Сентинел 2 преземена …

Во пожарот во грчкиот Национален парк Дадиа во Еврос досега изгореле 12 отсто од заштитената шума Read More »

Мартин го нема веќе 18 дена – објавена мапата од пребараните делови


Мартин Јовановски исчезна пред 18 дена од плажата Мити во Посиди, на Халкидики, но ниту грчките служби, ниту пак волонтерите од Македонија не се откажуваат од потрагата по него. Претходните денови грчките служби го бараа 31-годишниот Мартин и кон турскиот брег на Егејското Море откако со бродови, дронови, кучиња трагачи беше пребарувано околу полуостровот Халкидики, …

Мартин го нема веќе 18 дена – објавена мапата од пребараните делови Read More »

Над 130.000 заразени и 241 починат од Ковид-19 за една седмица во Грција


Зголемен е бројот на починати и приклучени на апарати, а намален бројот на нови случаи на Ковид-19 во Грција во изминатите седум дена, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 18 до 24 јули, регистрирани се 136.077 случаи …

Над 130.000 заразени и 241 починат од Ковид-19 за една седмица во Грција Read More »

Во Грција потврдени вкупно 20 случаи на мајмунски сипаници


Во Грција потврдени се вкупно 20 случаи на мајмунски сипаници заклучно со 21 јули 2022 година, седум повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Потврдените случаи се мажи од 24 до 59 години, односно просечната возраст е 40 години, а 11 од …

Во Грција потврдени вкупно 20 случаи на мајмунски сипаници Read More »

Вон контрола пожарот во близина на Атина, изгорени домови, евакуирани населби


Цела ноќ траеше битката на пожарникарите со пожарот што сè уште е вон контрола во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а огнените јазици предизвикаа материјална штета на куќи, изгореа домови и досега беа евакуирани жителите на најмалку десет населби, јави дописничката на МИА од Атина. Шумскиот пожар избувна вчера, кусо по …

Вон контрола пожарот во близина на Атина, изгорени домови, евакуирани населби Read More »

Голем пожар во близина на Атина, евакуирани четири населби и детска болница


Преку порака од бројот за итни случаи 112 од жителите на четири населби беше побарано да се евакуираат поради големиот шумски пожар што кусо по 17 часот избувна во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а огнените јазици веќе предизвикаа материјална штета на куќи, јави дописничката на МИА од Атина. Шумскиот пожар …

Голем пожар во близина на Атина, евакуирани четири населби и детска болница Read More »

За една седмица над 140.000 заразени и 200 починати од Ковид-19 во Грција


Во периодот од 11 до 17 јули, во Грција се регистрирани 148.435 случаи на Ковид-19, од кои 18 отсто се реинфекции, починаа 200 лица, а 115 се приклучени на апарати, се наведува во седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Вкупниот број …

За една седмица над 140.000 заразени и 200 починати од Ковид-19 во Грција Read More »