Германија планира со „климатски“ да ја замени понудата за јавен превоз од 9 евра


Германија би можела да направи подостапен јавен превоз по успехот на билетот од 9 евра. Повеќе од 20 милиони луѓе го купија месечниот билет за патување од 9 евра во јуни, наменет за помош на луѓето за време на енергетската криза. А сега германската влада размислува за воведување „климатски билет“ како замена за евтината транспортна …

Германија планира со „климатски“ да ја замени понудата за јавен превоз од 9 евра Read More »

За залихи на гас на Германија ќе и бидат потребни повеќе од 15 милијарди евра


Кредитните линии во вредност од 15 милијарди евра обезбедени од германската Влада за купување гас за залихи можеби не се доволни, предупреди Клаус Мулер, шефот на германското енергетскско регулаторно тело во интервјуто за деловниот неделник „WirtschaftWoche“. Германија го подигна нивото за криза за гас на тревога откако руски „Гаспром“ за 60 проценти ги намали испораките …

За залихи на гас на Германија ќе и бидат потребни повеќе од 15 милијарди евра Read More »

Германија се подготвува за нов пандемиски бран наесен


 Германија треба што е можно поскоро да донесе концепт за борба против можниот нов бран на пандемијата на коронавирус наесен, изјави денеска сојузниот министер за правда Марко Бушман. „Најверојатно ќе го претставиме концептот за борба против коронавирусот за есен во текот на јули“, рече Бушман во интервју за дневниот весник „Велт ам Зонтаг“. Тој рече …

Германија се подготвува за нов пандемиски бран наесен Read More »

Германците ќе треба да штедат струја за зимава


Германија– Претседателот на Германската регулаторна агенција за енергетика Клаус Милер денеска ги повика граѓаните , поради можноста Русија целосно да го прекине протокот на природен гас во земјата, да штедат струја и да се подготвуваат за зима. Милер ги повика граѓаните да ја проверат состојбата на бојлерите и радијаторите за да добијат максимална ефикасност. -Одржувањето …

Германците ќе треба да штедат струја за зимава Read More »

Првите два германски терминали за ЛНГ ќе бидат оперативни на крајот на годината


 Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска изјави дека првите два привремени терминали за ЛНГ во земјата, кои треба да придонесат за ставање крај на зависноста од руските енергетски извори, ќе бидат ставени во функција на крајот на оваа година или на почетокот на 2023 година. – Германската влада изнајми четири пловечки терминали за течен …

Првите два германски терминали за ЛНГ ќе бидат оперативни на крајот на годината Read More »

Технички проблем во германската контрола на летање – има откажани летови


Технички проблеми во германската Контрола на летање денеска ќе предизвикаат потешкотии во европскиот воздушен простор, соопшти операторот на аеродромот во Франкфурт. Според весникот Билд, станува збор за софтверски проблем. „Затоа, ќе има доцнења во операциите и откажувања на летови и на аеродромот во Франкфурт“, наведе операторот на својата веб-страница, пренесуваат британските медиуми. Проблемите биле пријавени …

Технички проблем во германската контрола на летање – има откажани летови Read More »

Човечка глава пронајдена пред зградата на судот во Бон


Германија– Отсечена човечка глава е пронајдена во вторникот пред зградата на судот во западниот германски град Бон. „Случајни минувачи во раните вечерни часови ја алармирале полицијата и пријавиле дека дел од телото се наоѓа пред влезот на судот“, изјави портпаролот на полицијата. „Набргу потоа, дознавме дека се работи за човечка глава“, рече тој. Торзо за …

Човечка глава пронајдена пред зградата на судот во Бон Read More »

Пред зграда на германски суд пронајдена отсечена глава, понатаму и торзото


Отсечена човечка глава пронајдена е вчера пред зградата на судот во градот Бон на западот на Германија. Минувачи во раните вечерни часови ја алармирале полицијата и пријавиле дека дел од тело се наоѓа пред зградата на судот, вели портпаролот на полицијата. „Набрзо потоа утврдивме дека тоа е човечка глава“, вели тој. Торзото, за кое се …

Пред зграда на германски суд пронајдена отсечена глава, понатаму и торзото Read More »

Дигитализацијата и трошоците ги затвораат филијалите на банките во Германија


Банките во Германија затвораат се повеќе филијали поради дигитализацијата на услугите и зголемените трошоци. „Минатата година бројот на филијали е намален за 10 отсто, на 21.712“, соопшти германската централна банка. Банките затворија 2.388 филијали во 2021 година, по 2.567 претходната година. Бундесбанк соопшти дека онлајн банкарството и мерките за штедење стојат зад овој тренд. Минатата …

Дигитализацијата и трошоците ги затвораат филијалите на банките во Германија Read More »

Хабек: Можен е целосен прекин на испораките на гас за Германија преку Северен тек


Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска изјави дека на неговата земја и се заканува недостиг на гас доколку испораките од Русија останат на сегашното ниско ниво, а доколку до зима и ги нема доволно, тогаш одредени индустрии ќе мора да бидат затворени, пренесе магазинот „Шпигел“. -Компаниите би морале да го прекинат производството, да отпуштат …

Хабек: Можен е целосен прекин на испораките на гас за Германија преку Северен тек Read More »

Германија подготвува план за вонредна ситуација поради гасот


Германската влада се подготвува да прогласи ситуација на тревога поради гасот, во согласност со националниот план за вонредни состојби. Државниот секретар во Министерството за економија и заштита на климата, Патрик Грајхен, ја подготвил енергетската индустрија за претстојниот чекор, пишува весникот „Велт“, повикувајќи се на кругови во енергетската индустрија. Министерството не ја потврди ниту негира информацијата …

Германија подготвува план за вонредна ситуација поради гасот Read More »

Германија против забраната за автомобили со мотори со внатрешно согорување


Германската Влада не се согласува со планот на Европската Унија за де-факто забрана за продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, според германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер. Оваа одлука, според стручни проценки, треба да ги намали испуштањата стакленички гасови за 55 отсто до 2030 година, во споредба со нивоата …

Германија против забраната за автомобили со мотори со внатрешно согорување Read More »

Германија ги испорача ветените хаубици на Украина


Германски самоодни хаубици пристигнаа денеска во Украина, со што Германија за првпат по рускиот напад на 24 февруари испорача тешко оружје. „Благодарам на Германија за испорачаните хаубици“, се заблагодари преку Твитер украинскиот министер за одбрана Олексеј Ресников на германската колешка Кристин Ламбрехт. Станува збор за веќе ветените седум самоодни хаубици од типот 2000, кои Германија …

Германија ги испорача ветените хаубици на Украина Read More »

Војната во Украина ја покажа Ахиловата пета на Германија – индустријата очекува помал раст


Германската индустрија драстично ја намали прогнозата за економски раст за оваа година, на само 1,5 отсто, соопшти германската асоцијација на индустријата по повод Денот на индустријата. На почетокот на годината индустријата и натаму прогнозираше раст од 3,5 отсто за тековната година. Претседателот на Здружението на германската индустрија Зигфрид Русвурм изјави дека војната во Украина ја …

Војната во Украина ја покажа Ахиловата пета на Германија – индустријата очекува помал раст Read More »

Во Германија голем недостиг на работници од градежниот, образовниот и здравствениот сектор


 Недостигот од квалификувани работници во Германија е зголемен, а посебен недостиг се чувствува во градежниот сектор, но и во образовниот и здравствениот сектор, објави денеска Институтот за германска економија (IW). – Минатата година во просек на 201.411 отворени работни места во занаетчискиот сектор на располагање беа 139.256 соодветни работни кои бараа работа, се вели во …

Во Германија голем недостиг на работници од градежниот, образовниот и здравствениот сектор Read More »

Рекорден раст на цените на производителите во Германија


Растот на цените на производителите во Германија се искачи на ново рекордно високо ниво во мај, поттикната од цените на енергијата, покажуваат податоците на германската статистичка канцеларија Дестатис во понеделникот. Производните цени на годишно ниво скокнаа за 33,6 отсто во мај, од 33,5 отсто во април. Претходно се проценуваше дека во мај повторно ќе порасне …

Рекорден раст на цените на производителите во Германија Read More »

Германија планира масовна изградба на ветерни турбини


Германската влада подготви пакет закони кои би требало значително да го забрзаат проширувањето на ветерните турбини на копно. Енергијата на ветерот е најважна за заштита на климата и за намалување на зависноста од фосилните горива, изјави во средата министерот за економија Роберт Хабек. Истовремено, Хабек рече дека не го игнорирал фактот дека големиот развој на …

Германија планира масовна изградба на ветерни турбини Read More »

„Гаспром“ го намали снабдувањето со гас преку „Северен тек 1“ за Германија


Рускиот енергетски гигант Гаспром го намалува својот максимален волумен на испорака на гас преку гасоводот Северен тек 1 Балтичко Море до Германија за 40 проценти, наведувајќи го како причина доцнењето на поправките од страна на Сименс, соопшти денеска компанијата. Единицата за компресор за гас не била навреме вратена од поправка. Како резултат на тоа, сега може да …

„Гаспром“ го намали снабдувањето со гас преку „Северен тек 1“ за Германија Read More »

Во студија се нагласува за широко распространето сексуално злоставување во бискупија во западниот дел од Германија


Германија–   Бројот на свештеници обвинети за злоупотреба, како и бројот на нивните малолетни жртви во бискупијата Мунстер во Западна Германија е значително поголем отколку што се мислеше, покажува студија. Истражувањето траеше две години и го спроведе петчлен тим од Универзитетот во Мунстер. Резултатите покажуваат дека во периодот од 1945 до 2020 година речиси 200 припадници …

Во студија се нагласува за широко распространето сексуално злоставување во бискупија во западниот дел од Германија Read More »

Повеќето од новите државјани на Германија се Сиријци


Минатата година во Германија биле натурализирани 20 отсто повеќе луѓе во однос на претходната година, а најголем дел од новите државјани се од Сирија. Според Централното биро за статистика, во 2021 година германско државјанство добиле 131.600 странци. Вкупно 19.100 сириски граѓани добиле германско државјанство, што е три пати повеќе отколку во 2020 година, соопштија статистичарите …

Повеќето од новите државјани на Германија се Сиријци Read More »