Од вечер дожд и снег


Кон крајот на денов и утре во утринските часови ќе има локални врнежи претежно од снег, кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови, каде се очекува да се формира нова снежна покривка, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, од петок по котлините и по …

Од вечер дожд и снег Read More »

Од утре може да се очекува снег


Повремени врнежи од дожд и снег на високите планини, најавуваат за утре од УХМР. Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни и локално околу 20 литри на метар квадратен, а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјата. Ќе дува и засилен јужен ветер. Во петок ќе има …

Од утре може да се очекува снег Read More »

Облачно со дожд и снег на планините


Времето во Македонија е облачно со врнежи од дожд, главно со слаб интензитет. На планините над 1000 метри надморска височина има и врнежи од снег. Долж Повардарието дува слаб до умерен ветер од северен правец. Изутринава не се забележани минусни температури. Најстудено било во Ѓуриште, Маврово, Крушево и Лазарополе каде се измерени 0 степени. Во …

Облачно со дожд и снег на планините Read More »

Дожд и снег за викендот, од понеделник пад на температурите


Врнежи од дожд, а снег на планините се очекува за време на викендот, а од понеделник пад на температурите, најавува УХМР. Под влијание на влажен бран од пладне и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови. Поради спуштање на постуден воздух од север, на планините …

Дожд и снег за викендот, од понеделник пад на температурите Read More »

Европа блокирана поради врнежи од снег


Обилните снежни врнежи што денеска зафатија повеќе делови на Европа предизвикаа проблеми во одвивањето на копнениот и воздушниот сообраќај. Поради обилните врнежи од снег, затворен за сообраќај е аеродромот „Завентем“ во Брисел. Засега нема ниту полетувања ниту слетувања, соопштија аеродромските власти. Во Франција, во 32 области е прогласена вонредна состојба, а поради врнежите на снег над …

Европа блокирана поради врнежи од снег Read More »

Велика Британија блокирана поради врнежи од снег


Делови на Велика Британија денеска се зафатена од обилни снежни врнежи, кои предизвикаа застои и блокади во копнениот и воздушниот сообраќај. Британската метеоролошка служба објави „жолто“ предупредување од можни нови снежни врнежи, пред се во централните делови на Англија и во северен Велс. Поради снегот има застои на повеќе патни правци во земјата, а доцнат …

Велика Британија блокирана поради врнежи од снег Read More »

Утрово на скопските улици фрлени 30 тони сол


Од Град Скопје велат дека се подготвени за одржување на магистралните и собирните улици на подрачјето на Скопје во зимски услови. „Утрово беа регистрирани првите врнежи на снег оваа сезона по што екипите на зимската служба на Град Скопје веднаш излегоа на терен и превентивно интервенираа на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност …

Утрово на скопските улици фрлени 30 тони сол Read More »

Снег на Попова Шапка и во Маврово


Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, а во останатите делови коловозите се претежно суви. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка. Во Маврово врнежите се од дожд и снег, инфомрира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини …

Снег на Попова Шапка и во Маврово Read More »

Хрватска под снег


Речиси целиот континентален дел од Хрватска утрово е под снег. Најголема снежна покривка е регистрирана во планинските предели. Четиринаесет сантиметри снег досега наврнале во Вараждин, еден во Книн, додека во Загреб снежната покривка е три сантиметри. Во приморскиот дел на Хрватска, сообраќајот е отежнат поради силни верови и има многу ограничувања. Сообраќајот е забранет за …

Хрватска под снег Read More »

Снег падна во Маврово и во Лазарополе


Врнежи од снег утрово има во Маврово и Лазарополе, а во текот на денот се очекува да се спуштат и на пониските делови особено во североистокот каде ќе се формира и снежна покривка. УХМР информира дека во седум часот снежна покривка од два сантиметра има само во Маврово, а најстудено било во Ѓуриште со минус …

Снег падна во Маврово и во Лазарополе Read More »

Падна снег на Попова Шапка, од утре заладување низ цела Македонија


Слаб снег провејува на Попова Шапка, но не се задржува на патот, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози. Од АМСМ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Утре времето ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со врнежи од …

Падна снег на Попова Шапка, од утре заладување низ цела Македонија Read More »

Падна снег во Крушево, Маврово и Лазарополе


Висината на снежната покривка во осум часот во Крушево изнесува два сантиметри, а во Маврово и Лазарополе по еден сантиметар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минимални температури утрово се движат од минус четири во Маврово, минус три во Крушево, минус два во Лазарополе и Ѓуриште, нула во Пожаране, Тополчани, и Берово, еден степен во Крива …

Падна снег во Крушево, Маврово и Лазарополе Read More »