Заев: Предвремени избори би биле изгубено време за Македонија


Враќање на фрустрациите, радикализмот, квазипатриотизмот, нациоанализмот, се последиците од евентуалното отфрлање на договорот со Грција на референдумот што ќе се одржи во Македонија, рече премиерот Зоран Заев во вечерашната дебата на „Топ тема“. – Сето тоа не ни треба. Ние градиме граѓанско, мултиетничко општество. Македонија има перспектива „запишана во катастар со имотен лист“ како секоја …

Заев: Предвремени избори би биле изгубено време за Македонија Read More »

Македонија со една нога е на СП


Македонската ракометна репрезентација ја победи Романија со 32:24 во првиот дуел од баражот за Светското првенство 2019 година во Германија и Данска. Натпреварот лошо почна за Македонија со водство на гостите од 2:0. Потоа следуваше серија на „црвено-жолтите“ од 6:0 и водство од четири гола разлика во 12.минута. Во првиот дел Македонија имаше и плус …

Македонија со една нога е на СП Read More »

БПЦ: Ќе им помогнеме на браќата во Македонија


Подготвени сме да сториме се што можеме и што е во согласност со светите канони на светата Црква за да им помогнеме на нашите православни браќа во денешна Македонија, пишува во посланието на Синодот на БПЦ по повод 1000-годишнината од Охридската архиепископија. Во посланието, објавено на веб страницата на Светиот синод на БПЦ, се вели …

БПЦ: Ќе им помогнеме на браќата во Македонија Read More »

Се огласи Владата по шпекулациите во српските медиуми дека пропаднале преговорите за името


Владата на Република Македонија останува посветена на изнаоѓање решение кое го штити и зајакнува достоинството и идентитетот на граѓаните на РМ. Шпекулациите во овие сензитивни моменти не можат да придонесат оваа стратешка цел од национален интерес, велат од македонската Влада во врска со шпекулациите пласирани од регионални медиуми. Најаважно е, како што посочуваат од Владата, …

Се огласи Владата по шпекулациите во српските медиуми дека пропаднале преговорите за името Read More »

Жбогар: Решението освен за Македонија и Грција ќе биде добро за Регионот и за Европа


 Решението на долгогодишниот спор меѓу Република Македонија и Република Грција ќе биде добро за двете држави, но и за Регионот и за цела Европа, изјави денеска амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар за време на посетата на Националниот парк „Пелистер“ во Битола. Според амбасадорот Жбогар, потребни се трепение и доверба за да тоа се …

Жбогар: Решението освен за Македонија и Грција ќе биде добро за Регионот и за Европа Read More »

Првиот ден на Рамзан Бајрам, 15 јуни, неработен за сите граѓани на Македонија


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно Законот за празниците, 15 јуни 2018 година (петок), првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.

Во Македонија евидентирани околу 600 лица без државјанство


Потреба за менување одредени законски решенија, поедноставување на процедурите за впишување во матичната книга на родените, меѓуинституционална соработка, и поефикасна работа на терен за откривање и решавање на статусот на лица кои се без лични документи и државјанство, констатираа дел од учениците на денешната дебата на која беше презентирана и „Анализата на правната рамка поврзана со …

Во Македонија евидентирани околу 600 лица без државјанство Read More »

(ФОТО) Шоу на ексклузивни спортски автомобили во Скопје


Атрактивни моќни автомобили денеска беа прикажани на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Настанот насловен како „Рели за ексклузивни автомобили“ се организираше по иницијатива и покана од „Парк хотел и спа Скопје“. Љубителите на спортските автомобили уживаа во повеќе од 40 лимитирани серии возила, меѓу кои: „Ламборгини Авентадор спајдер“ – со над 700 коњски сили, во исклучително …

(ФОТО) Шоу на ексклузивни спортски автомобили во Скопје Read More »

Бејли: Решавањето на името позитивно за Македонија и Грција, но и за целиот регион


САД веќе долго време им даваат поддршка на Република Грција и Република Македонија во однос на решавање на спорот со името, истакна амбасдорот Џејс Бејли. Одговарајќи на новинарско прашање на пауза од првиот Македонски енергетски форум 2018 што денеска и утре се одржува во Струга во организација на АД ЕЛЕМ, рече дека решавањето на овој долгорочен проблем …

Бејли: Решавањето на името позитивно за Македонија и Грција, но и за целиот регион Read More »

Нова демократија бара известување од Коѕијас за информациите на Милошоски


Oпозициската Нова демократија, преку надлежниот за надворешна политика Јоргос Кумуцакос, бара известување од грчкото МНР за информациите на поранешниот шеф на македонската дипломатија, односно како што пишуваат во соопштението, „за јавно изразениот став на поранешниот министер за надворешни работи на Скопје, Антонио Милошоски според кој Алексис Ципрас е подготвен да ја обврзе земјата со договор …

Нова демократија бара известување од Коѕијас за информациите на Милошоски Read More »

Грчките медиуми очекуваат позитивен одговор од Заев


Во исчекување на телефонскиот разговор и позитивниот одговор од Заев, е најчестиот коментар, но и наслов во грчките медиуми во однос на евентуалниот договор меѓу Македонија и Грција. Новинарите во Грција, прогнозираат, повикувајќи се на свои информации, но и на информациите пласирани во македонските медиуми во изминатиот период дека телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери би …

Грчките медиуми очекуваат позитивен одговор од Заев Read More »

Владите на Македонија и Косово наскоро ќе ја оддржат првата заедничка седница


Македонија и Косово предвидуваат зајакнување на соработката во повеќе сфери, особено во железничкиот сообраќај, дијаспората, одбраната, иновациите, културата, економијата… Сето тоа ќе се реализира преку потпишување договори за интензивирање на соработката во овие области и тоа на првата заедничка седница на владите на Македонија и Косово. Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи вчера на …

Владите на Македонија и Косово наскоро ќе ја оддржат првата заедничка седница Read More »

Димитров – Кирнаг: Словачка целосно ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска го прими словачкиот амбасадор Роберт Кирнаг, директор во словачкото МНР, задолжен за подготовка на словачкото претседавање со ОБСЕ, во 2019 година, кој го запознал со подготовките и му ги презентирал приоритетните области на нивното претседателство. Како што соопшти МНР, директорот Кирнаг како поранешен Амбасадор на Словачката Република во Република …

Димитров – Кирнаг: Словачка целосно ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО Read More »

Прибе: Владеење на правото е императив за реформите во Македонија


Немам детален увид во она што се случуваше, што е направено во текот на изминатите две години по однос двата извештаја што ги изготвивме како експертска група, оние од 2015 и од минатата година. Извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија укажува на значаен напредок во одредени области, но постојат и доста области каде уште …

Прибе: Владеење на правото е императив за реформите во Македонија Read More »

Слободни над 8000 работни места, најмногу во услужните дејности и продажба


Во првите три месеци од годинава во Македонија имало 8331 слободни работни места. Најмногу работници недостасувале во услужните дејности и продажба, а според регионот најбарани биле работници во пелагонискиот регион. Државниот завод за статистика објави дека во првото тримесечје од 2018 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,68 процент. Највисока стапка на слободни работни места …

Слободни над 8000 работни места, најмногу во услужните дејности и продажба Read More »

(Видео) Спасовски: Македонија ја вративме на патот на светлата иднина


Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски преку видео обраќање зборуваше за направеното во една година од изборотот на владата. Тој вели дека прават коренити промени со кои Македонија се опоравува од 11 години режим, се ослободува заробената држава и се враќа правдата и довербата кон институциите. -Промени со кои конечно, луѓето – граѓаните …

(Видео) Спасовски: Македонија ја вративме на патот на светлата иднина Read More »

Скопје и Атина се оддалечуваат од брз договор за името


Македонија и Грција се оддалечуват од можноста за договор за името во наредните денови, дознава „Независен весник“ од владини извори од Атина. Иако македонскиот премиер Зоран Заев го определи денешниот ден како последен за неговиот клучен разговор со грчкиот колега Алексис Ципрас, владини извори велат дека најверојатно и таа комуникација нема да се реализира во …

Скопје и Атина се оддалечуваат од брз договор за името Read More »

Во Македонија лани родени 21.946 деца


Во Република Македонија во 2017 година се родени вкупнo 21.946 деца, од кои 21.754 живородени и 192 мртвородени. Бројот на живородените деца во 2017-та во споредба со претходната година, е намален за 5,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Од вкупниот број живородени деца, 51,3 отсто се машки, а 48,7 женски. Најголем број раѓања (1.953) се регистрирани во …

Во Македонија лани родени 21.946 деца Read More »

Независни Грци не отстапуваат од ставот против сложено име и терминот Македонија


Коалицискиот партнер во грчката Влада, партијата Независни Грци, не отстапува од цврстиот став против сложено име и вклучен термин Македонија во името на нашата земја. Оваа позиција, уште еднаш ја потврдија членовите на партијата говорејќи за грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Заменик министерот за земјоделство, Василис Кокалис, портапролката на партијата, Мадалена Пападопулу …

Независни Грци не отстапуваат од ставот против сложено име и терминот Македонија Read More »

Во 13 грчки градови ќе се протестира за името


Во 13 градови од северниот дел на Грција во среда, на 6 јуни, во 19,30 часот, ќе се одржат 13 паралелни протести за „грчкиот карактер на Македонија“. Пела, Кавала, Драма, Серес, Кукуш, Поликастро, Воден, Лерин, Костур, Птолемаида, Катерини, Лагадас и туристичкото место Неа Мудања на Халкидики, се местата каде организаторите, „Комитетот за борба за грчкиот …

Во 13 грчки градови ќе се протестира за името Read More »