Обезбедена „трикафта“ за најкритичните пациенти, ќе стигне согласно динамиката на производителот
Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека финансиските средства за заболените од цистична фиброза се обезбедени. Добавувачот на лек има обезбедено количини за најкритичните и тие ќе стигнат согласно динамиката што производителот ја кажува, зашто не се работи за лекови кои ги има на залиха, туку се произведуваат по барање и нарачка за точен број пациенти. …