Ковачевски ги достави предлозите за реконструкција на Владата до Собранието


Фото: Б. Грданоски

Премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со следните кадровските решенија:

За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога.

За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е Фатмир Меџити.

За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, предложен е Азир Алиу.

За министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, предложена е Каја Шукова.

За заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, предложен е Тирон Јајага.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за правда, предложена е  Викторија Аврамовска-Мадиќ.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, предложена е Вјолца Бериша.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за здравство, предложена е  Маја Манолева.

За заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука, предложен е Агим Нихиу.

Реконструкцијата на Владата се прави откако Централното претседателство на Алијанса за Албанците на седница со мнозинство прифати партијата да влезе во Владата. Едновремено, Централниот одбор на СДСМ го одобри влезот на Алијанса за Албанците во владата и го овластил партискиот лидер и премиер Димитар Ковачевски да ги заокружи разговорите за поголемо мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата.