Во Грција од денеска маските не се задолжителни на отворено


Грција – По препорака од надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство, грчката Влада ја укина мерката за задолжително носење маска на отворено, одлука што утрово стапи во сила, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, во средата рече со укинувањето на задолжителното носење  маска на отворено започнува постепеното …

Во Грција од денеска маските не се задолжителни на отворено Read More »

Затворено грчкото издание на Спутник, реагираат новинарските здруженија во Грција


Над 30 новинари и административен персонал останаа без работа во Грција откако денеска прекина со работа грчкото издание на Спутник по одлуката на Европската унија да ги забрани руските РТ и Спутник, јави дописничката на МИА од Атина. Здруженијата на грчките новинари и фоторепортери, како и Здружението на странски дописници во Грција изразија поддршка до …

Затворено грчкото издание на Спутник, реагираат новинарските здруженија во Грција Read More »

Во Грција засега нема масовен бран бегалци од Украина


Во Грција во овој момент не постои масовно пристигнување на бегалци од Украина, меѓутоа земјата „од хуманитарни причини ќе придонесе во управувањето со бегалскиот проблем што произлегува од инвазијата на Русија во Украина“, објасни портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Иконому рече дека …

Во Грција засега нема масовен бран бегалци од Украина Read More »

Грција не очекува големи последици од војната врз туризмот


Првичната проценка е дека не се загрижувачки последиците од војната врз грчкиот туризам, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа какво влијание ќе има ситуацијата во Украина, со оглед на тоа дека Грција ја посетуваат голем …

Грција не очекува големи последици од војната врз туризмот Read More »

Од 15 март се укинува задолжителниот PLF формулар за влез во Грција


Формуларот PLF (Passenger Locator Form), што веќе 20 месеци е задолжителен за влез во Грција, без разлика дали станува збор за грчки државјани или странски туристи и независно од начинот на патување и влез во земјата, ќе се укине од 15 март 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретната обврска, како и за …

Од 15 март се укинува задолжителниот PLF формулар за влез во Грција Read More »

Од сабота во Грција се укинува задолжителната маска на отворено


Грчката Влада ја прифати препораката на Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство на Грција за укинување на задолжителната маска на отворено и одлуката во сабота ќе стапи во сила, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката ја соопшти министерот за здравство Танос Плеврис, кој рече дека на денешната седница Комисијата предложила да се укине …

Од сабота во Грција се укинува задолжителната маска на отворено Read More »

Во Грција досега пристигнале 1.500 украински државјани


Грција– Во изминатите 24 часа во Грција влегле 468 украински државјани, додека пак во изминатите шест дена во земјата пристигнале вкупно 1.500 лица од Украина, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос вчера одржа состанок за бегалските бранови од Украина и од Министерството соопштија дека во изминатите пет …

Во Грција досега пристигнале 1.500 украински државјани Read More »

Грција суспендира соработка со руски културни организации и ја откажа балетската претстава „Лебедово езеро“


Грција – По наредба на министерката за култура на Грција, Лена Мендони се суспендираат било какви културни настани во Грција и соработки со руски организации, а веќе се откажани и два настана планирани оваа седмица, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за култура на Грција соопштија дека се откажани Гала опера закажана за 3 …

Грција суспендира соработка со руски културни организации и ја откажа балетската претстава „Лебедово езеро“ Read More »

Грција го затвори воздушниот простор за сите руски авиони


Во согласност со одлуката на Европската Унија да го затвори воздушниот простор за Руската Федерација, Грција од денеска во следните три месеци забрани летови на сите авиони од Русија, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно издадените авио упатства (НОТАМ) од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, во воздушниот простор на Грција, „забрането е слетување, …

Грција го затвори воздушниот простор за сите руски авиони Read More »

Доставена хуманитарната помош од Грција за Украина


Грција секогаш на вистинската страна на историјата! Мисијата е завршена, напиша на социјалните мрежи грчкиот заменик-министер за одбрана Никос Хардаљас, откако хуманитарната помош од Грција за Украина, пристигна во Полска, јави дописничката на МИА од Атина. Хардаљас ја предводеше грчката делегација што пренесе медицински материјали и продукти за основни потреби, а хуманитарна помош со воени …

Доставена хуманитарната помош од Грција за Украина Read More »

Софија и Атина ќе преговараат за изградба на нова атомска централа во Бугарија 


Бугарија– Бугарскиот вицепремиер и министер за финансии, Асен Василев, за Нова ТВ изјави дека Софија и Атина почнуваат преговори за изградба на нова нуклеарна централа во Бугарија што ќе ја користи Грција според долгорочен 20-годишен договор. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Василев, дејствијата ќе бидат преземени многу брзо, под услов да …

Софија и Атина ќе преговараат за изградба на нова атомска централа во Бугарија  Read More »

Грција испраќа одбранбен материјал и хуманитарна помош во Украина


Во текот на денот, со два воени авиони C-130 Грција ќе испрати одбранбен материјал за Украина, со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис како одговор на украинското барање, но и во консултација со сојузниците од НАТО и партнерите во ЕУ, информираат од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис утрово одржал …

Грција испраќа одбранбен материјал и хуманитарна помош во Украина Read More »

Мицотакис свика вонреден состанок на владиниот совет за национална безбедност, Дендиас се враќа од Африка


Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за утрово закажа вонреден состанок на владиниот совет за национална безбедност, а министерот за надворешни работи Никос Дендиас ја прекина посетата на Африка и се враќа во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека на состанокот во премиерската палата ќе присуствува и министерот за …

Мицотакис свика вонреден состанок на владиниот совет за национална безбедност, Дендиас се враќа од Африка Read More »

„Моќната грчка армија“ се пофали дека ги хакирале сајтовите на неколку македонски банки, ТТК вели успешно се справиле


Грчките хакери од „Моќната грчка армија“ вечерва објавија на Твитер дека извршиле хакерски напади врз неколку македонски банки. Според хакерите, нападнати биле ТТК Банка, Централна кооперативна банка, УНИ Банка, Прокредит банка и Стопанска банка АД Битола, Шпаркасе, Комерцијална и други. Успешно е спречен хакерскиот напад на кој беше изложена интернет страницата на ТТК банка. Имено, …

„Моќната грчка армија“ се пофали дека ги хакирале сајтовите на неколку македонски банки, ТТК вели успешно се справиле Read More »

Грција: Од денеска дозволено е стоење во кафулињата, се укинуваат и други рестриктивни мерки


Грција од денеска постепено ги олабавува мерките од кои поголемиот дел беа воведени пред Нова година, па така, дозволено е стоење во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор се намалува бројот на вработени кои работат од дома, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика до 50 отсто од капацитетот, а дозволено е организирање …

Грција: Од денеска дозволено е стоење во кафулињата, се укинуваат и други рестриктивни мерки Read More »

Плеврис: Логиката на земјите од ЕУ е во март да се укинат рестриктивните мерки


 Логиката на земјите-членки на Европската Унија е до средината или крајот на март да се укинат рестриктивните мерки, изјави  утрово министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. – Бидејќи минатата седмица одржавме состанок сите министри за здравство на Европската Унија, логиката на сите …

Плеврис: Логиката на земјите од ЕУ е во март да се укинат рестриктивните мерки Read More »

Грција дополнително ги олабавува мерките


Грција – Поголемиот дел од мерките во Грција воведени пред Нова година, постепено се укинуваат, па така, дозволено ќе биде стоење и танцување во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор работата од дома се намалува од 50 на 20 отсто, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика од 50 отсто од капацитетот, наместо …

Грција дополнително ги олабавува мерките Read More »

Анкета: Зголемувањето на цените предизвикува најголема загриженост кај Грците


Поскапувањето на цените предизвикува најголема загриженост за 47 отсто од Грците, веднаш потоа е пандемијата за 24,2 проценти, а следат криминалот, националните прашања, миграцијата, според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Marc“ за телевизијата „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. На политичката сцена, владејачката Нова демократија (НД) и понатаму е во …

Анкета: Зголемувањето на цените предизвикува најголема загриженост кај Грците Read More »

За 6,2 отсто зголемена инфлацијата во Грција


Инфлацијата во Грција за месец јануари бележи зголемување за 6,2 отсто во споредба со истиот период лани, согласно официјалните податоци од грчката служба за статистиката, а според медиумите, станува збор за највисока инфлација во изминатите 25 години, јави дописничката на МИА од Атина. Доколку се направи споредба на сегашните податоци со оние од лани, но …

За 6,2 отсто зголемена инфлацијата во Грција Read More »

Целосно вакцинирано 70,8 отсто од населението во Грција


Над 7.440.000 граѓани ја завршија вакцинацијата што е 70,8 проценти од општото население, односно 80 отсто од полнолетното население, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за процесот на имунизација во земјата, Темистоклеус рече дека вкупно се аплицирани 19.840.000 …

Целосно вакцинирано 70,8 отсто од населението во Грција Read More »