Мицотакис свика вонреден состанок на владиниот совет за национална безбедност, Дендиас се враќа од Африка


Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за утрово закажа вонреден состанок на владиниот совет за национална безбедност, а министерот за надворешни работи Никос Дендиас ја прекина посетата на Африка и се враќа во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека на состанокот во премиерската палата ќе присуствува и министерот за животна средина и енергија Костас Скрекас.

Дендиас пак, денеска требаше да го посети Зелениот ‘рт, меѓутоа, според грчкото МНР, поради ситуацијата во Украина, вонредно се враќа во Грциј