Германија: Автобус се судри со камион, едно лице загина, а 18 се повредени


Во сообраќајна несреќа што се случи на автопат во Баварија, меѓу камион и автобус, загина возачот на автобусот, а повредени се 18 лица, соопшти денеска германската полиција. Германските медиуми јавија дека во белгискиот автобус се наоѓале 50 лица во моментот на несреќата. Германската полиција наведе дека, веројатно возачот доцна забележал дека камионот што превезувал стакло …

Германија: Автобус се судри со камион, едно лице загина, а 18 се повредени Read More »

Судар на германски и израелски авион на аеродром во Тел Авив


Авион на германската авиокомпанија „Германија Боинг 737“ при полетувањето се судри со авион на израелскaта „Ел АЛ“ на меѓународниот аеродром Бен Гурион во блзиина на Тел Авив. – Во инцидентот нема повредени, соопшти израелската управа на аеродромот. Истрага за случајот веднаш е отворена, а се до нејзиното завршување тие авиони нема да летаат. „Ел АЛ“ …

Судар на германски и израелски авион на аеродром во Тел Авив Read More »

Германското обвинителство ќе одлучува за екстрадицијата на Пуџдемон


Германската полиција го уапси денеска поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон на територијата на провинцијата Шлезвиг-Холштајн, баран од шпанската полиција под обвинение за поттикнување на бунт. Обвинителството ќе одлучи за неговата екстрадиција, изјави портпаролот на полицијата. Пуџдемон бил уапсен на автопатот број 7, во близина на границата со Данска, додека патувал со автомобил на југ, на …

Германското обвинителство ќе одлучува за екстрадицијата на Пуџдемон Read More »

Германската полиција го уапси Пуџдемон


Германската полиција денеска на границата меѓу Германија и Данска го уапси поранешниот претседател на каталонската регионална Влада Карлес Пуџдемон. Тој бил задржан кога со автомобил ја минувал границата, потврди неговиот адвокат. Пуџдемон се враќал од Финска, каде престојуваше минатата недела на покана на фински пратеник. Според тој пратеник, Пуџдемон во петокот ја напуштил Финска во …

Германската полиција го уапси Пуџдемон Read More »

Германија без нови долгови во следните четири години


Германија нема да влегува во нови задолжувања во следните четири години, изјави денеска министерот за финансии, социјалдемократот Олаф Шолц. Тој порача дека ќе ја продолжи строгата фискална политика која ја воведе неговиот конзервативен претходник Волфганг Шојбле. – Една работа која ни е сигурно потребна за да овозможиме економијата да остане на добар пат е всушност …

Германија без нови долгови во следните четири години Read More »

Марадона: Германија и Шпанија се фаворити на СП 2018


Легендарниот аргентински фудбалер Армандо Диего Марадона ги сподели своите размислувања за фаворити на Светското фудбалско првенство 2018 година, што ќе се одржи во Русија во текот на летото. „Франција има одлична репрезентација со добри играчи како Погба, но јас не мислам дека е фаворит за трофејот. Ќе беше подобра ако во составот беше и Рибери. …

Марадона: Германија и Шпанија се фаворити на СП 2018 Read More »

Меркел: Нема да се повтори мигрантскиот бран од 2015


Огромниот мигрантски бран од 2015 година нема да се повтори уште еднаш, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел во нејзиното прво обраќање пред Бундестагот по нејзиниот реизбор на функцијата. – Тоа беше невројатна хуманитрана состојба. А таква хуманитрана состојба не смее да се повтори, нагласи Меркел во текот на дебатата во Бундестагот посветена на миграцијата. …

Меркел: Нема да се повтори мигрантскиот бран од 2015 Read More »

Меркел: Германија нема да го бојкотира СП во Русија


Германската канцеларка Ангела Меркел ја отфрли можноста фудбалската репрезентација на Германија да го бојкотира Светското првенство во Русија за да искаже солидарност со Велика Британија. Меркел истакна дека за одговорот на Европската Унија на труењето на поранешниот руски и британски шпион и неговата ќерка, за што Лондон ја обвинува Москва, најверојатно ќе се разговара на …

Меркел: Германија нема да го бојкотира СП во Русија Read More »

ДПА: Германија и натаму продава оружје на Турција


Дури и по спорната воена интервенција во Северна Сирија за да го исчисти регионот од курдската милиција, Германија продолжува да продава оружје на Турција во вредност од милиони евра, јави ДПА. Во првите речиси 40 дена од почетокот на турската операција „Маслиново гранче“ против курдските Сили за заштита на народот во Африн биле одобрени 20 …

ДПА: Германија и натаму продава оружје на Турција Read More »

Ангела Меркел реизбрана на канцелар на Германија


Лидерката на Христијанско демократската унија (ЦДУ) Ангела Меркел е реизбрана за канцеларка на Германија. Долниот дом на германскиот Парламент денеска го потврди нејзиниот реизбор за четврти мандат. За изборот на 63-годишната Меркел гласаа 364 пратеници, 315 беа против, а деветмина се воздржаа од гласање. – Го прифаќам изборот, изјави Меркел по гласањето. Владината коалиција на …

Ангела Меркел реизбрана на канцелар на Германија Read More »

Ослободени се германските новинари кои беа уапсени на грчко-турската граница


Двајцата германски новинари кои вчера беа уапсени од страна на грчката полиција на грчко-турската граница, додека известувале за движењето на мигранти во регионот, денеска се ослободени. Двајцата новинари, 33-годишна жена и 31-годишен маж, изјавиле дека имале намера да прават документарен филм за мигрантите за телевизијата АРД. Тие немале дозвола да престојуваат во добро чуваната погранична …

Ослободени се германските новинари кои беа уапсени на грчко-турската граница Read More »

Неколку илјади Германци умираат годишно од гасовите од дизел возилата


Неколку илјади лица годишно умираат во Германија како последица на вдишувањето на честички на азот диоксид што ги ослободуваат дизел моторите на возилата, соопшти денеска германската Федерална служба за животна средина. Истражување на минхенскиот еколошки научен центар „Хелмхолц“ и компанијата „ВУ Умвелт“ покажува дека речиси 6.000 лица предвреме починале во текот на 2014 година од …

Неколку илјади Германци умираат годишно од гасовите од дизел возилата Read More »

Зигмар Габриел нема да биде дел од новата германска влада


Техничкиот министер за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел денеска објави дека нема да биде член на новата влада на конзервативната канцеларка Ангела Меркел која ќе биде на чело на коалицијата со Социјалдемократската партија на Германија (СПД). Со коалицискиот договор е договорено новиот министер за надворешни работи да биде од СПД, а партијата најави дека …

Зигмар Габриел нема да биде дел од новата германска влада Read More »

Во Германија недостигаат приближно 1,2 милиони работници


Во Германија во последниот квартал од мината година бројот на слободни работни места достигна до рекордни речиси 1,2 милиони, соопшти Институтот за истражување на пазарот на труд (ИАБ) во Нинберг. Според стаистиката најголема побарувачка за работници има во преработувачката индустрија и градежниот сектор. Германските градежни фирми во моментот бараат околу 100.000 работници од различни профили. …

Во Германија недостигаат приближно 1,2 милиони работници Read More »

Меркел: Новата влада мора брзо да дејствува


Германската канцеларка Ангела Меркел ја поздрави денеска одлуката на членовите на Социјалдемократската партија на Германија да стапат во коалиција со нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и нагласи дека новата влада мора брзо да дејствува, посебно во сферата на политиката на меѓународната трговија. – Она што го гледаме и слушаме секојдневно е дека Европа мора да дејствува …

Меркел: Новата влада мора брзо да дејствува Read More »

Најмалку по 5.000 граѓани годишно се откажуваат од косовско државјанство


Од 2009 година од косовско државјанство во просек годишно се откажуваат по најмалку 5.000 граѓани. Оттогаш па заклучно со 2016 година, повеќе од 40.000 граѓани станале државјани на друга држава, главно Германија. Статистичките податоци на косовското Министерство за внатрешни работи потврдуваат дека трендот на откажување од државјанство почнал во 2014 година кога се откажале 5.158, …

Најмалку по 5.000 граѓани годишно се откажуваат од косовско државјанство Read More »

Меркел доби зелено светло да формира влада


Членовите на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) гласаа за формирање на коалиција со конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел. Членовите на СПД неколку денови по пошта гласа „за“ и „против“ коалиција со конзервативците на Меркел. Околу 460.000 членови на СПД гласаа, а 66 проценти од нив одобрија нова коалициска влада на Германија. Лидерот на СПД, …

Меркел доби зелено светло да формира влада Read More »

Неизвесно дали Меркел ќе формира влада


Социјалдемократската партија (СПД) синоќа почна со пребројување на гласовите од членови, кои се изјаснуваа дали се „за“ предложената коалициска влада со конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел. Од резултатите од гласањето зависи дали Меркел ќе формира нова влада. Гласовите цела ноќ се пребројуваа во седиштето на СПД во Берлин, а резултатите ќе бидат соопштени утрово. …

Неизвесно дали Меркел ќе формира влада Read More »

Полски има право на воената отштета од Германија во висина од 850 милијарди долари


Варшава има право да побара отштета од Германија која може да изнесува 850 милијарди долари за уништен имот и убиени за време на Втората светска војна, изјави денеска полски политичар задолжен за прашања за воена отштета. Полската владејачка партија Право и правда го „оживеа“ прашањето за воена отштета во време кога израелски политичари ја обвинуваат …

Полски има право на воената отштета од Германија во висина од 850 милијарди долари Read More »

Германски суд забрани движење на возила со дизел мотори


Сојузен управен суд во Лајпциг денеска дозволи воведување забрана за движење на возила со дизел мотори со цел намалување на штетните честички и гасови во германските градови. Судот со тоа ја отфрли жалбата на сојузните покраини Баден Вуртемберг и Северна Рајна Вестфалија каде управните судови одлучија градовите Штутгарт и Дизелдорф да може да забранат управување …

Германски суд забрани движење на возила со дизел мотори Read More »