СЗО: Ни една земја нема да излезе од пандемијата поради бустер доза
Доректорот на Светската здравствена огранизација СЗО денеска предупреди дека не треба да се се прават илузии оти вакцинирањето со бустер доза вакцина ќе биде доволно за светот да се ослободи од корона пандемијата.
„Ни една земја нема да може да излезе од пандемијата со помош на довакцинирање и тоа не е „зелено светло“ за прослави какви што се планираат“, рече Тедрос Гебрејезус, на конференција во Женева неколку дена пред католички Божиќ.
„Програмите на неселективно довкацинирање ги имаат сите изгледи да ја продолжат пандемијата, а не да ја сопрат, затоа што расположливи дози се пренасочуваат во земји со и онака висока стапка на вакцинираност, давајќи така можност на вирусот да се шири и мутира“, рече Тедрос.
„Важно е да се присетиме дека многу големо мнозинство од хоспитализираните и починатите се невакцинирани, а не оние кои не примиле трета доза“, вели тој. „И мора да бидеме јасни во врска со фактите дека вакцините и понатаму се делотворни и против делта и омикрон сојот“.
Ни една сиромашна земја пак, уште не почнала со програма за довакцинирање.
Стручниот отпор на СЗО за политика на вакцинирањето (SAGE) се наведува дека најмалку 126 земји веќе објави упатства за примање бустер доза и за дополнително вакцинирање на пример кај децата, а 120 веќе почнаа таква кампања.
Тоа главно се богатите и земји со среден доход, а ниедна сиромашна земја уште не почнала со програма за довакцинирање.
СЗО исто така констатира дека нема доволно податоци за новата варијанта омикрон дека е позаразна од делтата.