СВР Велес соопшти детали за сообраќајката на магистралниот пат Градско-Прилеп


 СВР Велес соопшти детали за сообраќајката кај мотел Дреново, што се случи денеска во15 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп. Во несреќата со телесни повреди се здобиле еден возач и сопатничка, констарирани во  болницата во Кавадарци.

-Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички возила, „ауди” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(59) од село Секирци-Општина Долнени и „југо” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Л.(73) од село Сирково-Општина Росоман, појасни портпаролката на СВР Велес, Билјана Ѓаковска. 

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на југото и сопатничката во аудито, констарирани  во  болницата во Кавадарци.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци.