СВР Скопје заплени повеќе од 40.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар
По претходно изготвен план од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје за контрола на Бит Пазар, вчера се лишени од слобода две лица, а пронајдени се над 40.000 парчиња пиротехника, тутун и цигари без бандероли.
МВР денеска соопшти дека кај Б.И. (47) од с. Студеничани пронајдени се 11.604 пиротехнички средства, пари, околу 40 килограми тутун и поголема количина цигари без бандероли.
Кај С.Н. (48) од Скопје пронајдени се 14.942 парчиња пиротехнички средства и пари. Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 ст.7 од КЗ. Исто така, при преглед на импровизирана тезга пронајдени се околу 14.000 пиротехнички средства.