Светско првенство во хип-хоп и стрит денс во СЦ „Борис Трајковски“


Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје денеска официјално ќе биде отворено Светско првенство во хип-хоп и стрит денс – „IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024“.

Како што е најавено, на отворањето ќе присуствуваат членови на државниот врв и амбасадори.  Како дел од ревијалниот дел ќе се одржи и Парада на нации, кога ќе се претстават сите учесници од вкупно 35 држави. 

„IDO World Hip-Hop & Street Dance Show 2024“ е во организација на клубот „Брејк а Лег“, и ќе се одвива до 17 октомври. Ќе учествуваат околу 5000 танчери, а публиката ќе има можност да проследи натпреварувања во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ во повеќе возрасни категории.