Сведокот за убиството на Вања кој беше во бегство, се предаде на полицијата
Гоце Трајковски, лицето кое е осомничено за подметнување пожар во кафуле во Кисела Вода, а воедно е и сведок во предметот за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, се предаде на полицијата, дознава „Скопје1“ од свои извори.
Тој сам отишол во ПС Кисела Вода, откако по него беше распишана потерница.
Пред три дена во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за убиството на Вања, каде Трајковски не беше присутен.
„ПС Бит Пазар известува дека не му извршена достава на поканата на Гоце Трајковски, истиот не е достапен на органите на прогонот на наведената адреса“, беше речено од судот.
Трајковски не е достапен откако против него, Обвинителството започна друга постапка каде е осомничен, а се однесува на запален објект во Кисела Вода.
Трајковски е сведокот кој најмногу се ангажирал во брањето на Вања, заедно со таткото. Обезбедувал и прегледувал снимки од надзони камери.
Тој требаше да се појави на судењето на 15 ноември, но неговата мајка Кираца Трајковска, која исто така беше сведок, кажа дека тој имал здравствени проблеми.
Подоцна, од Обвинителството се дозна, дека тој има и својство на осомничен за подметнување на пожар, бидејќи според податоците оттаму, на 13 ноември со уште три лица, запалиле кафуле кое било лоцирано во зграда во Кисела Вода.
Трајковски беше еден од првите кои се вклучија во потрагата за 14-годишната Вања. На последното рочиште за убиството, Обвинителството предложи да не се чита исказот и да се почека, бидејќи ќе успеат да го лоцираат Трајковски.
Малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.