Сведочење на американски командант: Победата на Русија не е неизбежна, Украина е сѐ посилна


 

Американскиот врховен командант на сојузничките сили и командант на американските трупи во Европа, генерал Кристофер Каволи, сведочеше во Комитетот за вооружени сили на Преставничкиот дом на Конгресот за војната на Русија воУкраина. Каволи служи веќе 38 години во американската армија и меѓудругото бил во Ирак и во Авганистан.

Според него, руската војна во Украина, која сега е во својата четврта година, открила дека Русија  е хронична безбедносна закана и дека во иднина ќе биде се поголема закана, како држава која е подготвена да употреби воена сила за да ги постигне своите геополитички цели. Според него, Русија активно води кампања на дестабилизација низ Европа и пошироко. Ова се неговите одговори на конкретни прашања кои дават слика за состојбата на терен во Украина од прва рака:

ДАЛИ Е СЕ УШТЕ СИЛНА АРМИЈАТА НА РУСИЈА?

-Севкупно, квалитетот на нивните сили, особено нивните копнени сили, се намалуваше во текот на целата војна. На украинската страна гледаме нешто спротивно. Гледаме војска која започна речиси од студен почеток и тие еволуираа и се развија многу, многу брзо. Научивме многу гледајќи ги двете страни.

РУСИТЕ НЕ СЕ НИ БЛИСКУ ДО ТОА ДА НАПРАВАТ ГОЛЕМ ВОЕН ПРИТИСОК ВО МОМЕНТОВ?

– Тоа е и моја проценка.

ДАЛИ УКРАИНЦИТЕ СЕ ПРЕДОДРЕДЕНИ ДА ЈА ИЗГУБАТ ВОЈНАТА?

-Не, сенаторе. Ви благодарам за прашањето, бидејќи мислам дека е важно. Украинците се во многу силни одбранбени позиции во моментов и неделно ја подобруваат нивната способност да генерираат сила и да ги зајакнат тие позиции.

ДАЛИ УКРАИНА ПОБЕДУВА? 

-Тие се во многу подобра позиција да не изгубат, сенаторе Тубервил.

НО ТИЕ СЕ ОБИДУВААТ ДА ПОБЕДАТ, НЕЛИ?

– Тие се обидуваат да победат. Тие сакаат да почнат така што ќе се погрижат Русија да не победи.

ДАЛИ БИ СЕ ОДРЖАЛ ЕВЕНТУАЛЕН МИРОВЕН ДОГОВОР? 

– Не, мојата професионална оценка, изградена врз долгогодишно искуство е дека ова е дел од поширок образец во руската историја и секако од сегашната руска активност. Тоа е мојата професионална оценка за заканата.

ДАЛИ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА СТРАНСКАТА ВОЕНА ПОМОШ ВО УКРАИНА?

-Не видовме намерни напори за пренос, продажба или кражба на оружје. Украинците го користат за одбрана на својата земја.

КАКО ГЛЕДАТЕ НА РЕФЕРЕНДУМИТЕ НА ОКУПИРАНИ ТЕРИТОРИИ? ДАЛИ БЕА НАМЕСТЕНИ?

-Да господине. Тоа беше широко распространет заклучок во тоа време.

КАКОВ Е СТАТУСОТ  НА СИСТЕМИТЕ „ПАТРИОТ“?

-Тие се во функција. Тоа за мене е успешна приказна. Бев малку сомничав на почетокот, зошто тоа е комплициран систем. Ние тренираме момци долго време за да можат да ги управуваат. Украинците го прифатија како риби во вода. Всушност, ние учиме од некои од нивните техники за примена во моментов. Украина премина главно на западно опремена армија, што е прилично комплицирано. Ние работиме од различен целен круг. Неверојатно е да се прави тоа под оган, под притисок на една од најголемите армии во светот. Тоа е фантастичен подвиг!

КАКВА Е УЛОГАТА НА СОЈУЗНИЦИТЕ?

-Нашите зајакнати сојузници ќе ја зголемат нашата сила. И нашите длабоки односи ни даваат пристап и разузнување неопходни за да го направиме тоа.

КАКВА Е СОСТОЈБАТА ВО КУРСК И БЕЛГОРОД?

-Русите поставија првична цел до крајот на септември да ги отстранат Украинците од Курск. Украинците сѐ уште се во Курск. Тие имаат значителна сила таму држејќи значителен дел од земјата. Тие се држат многу добро на одбранбен терен.  Во Белгород јужно од Курск, Украинците туркаат помала контраофанзива. Значи, сè уште имаме напред-назад одење во таа област.

КАКВА Е СОСТОЈБАТА ВО ЧАСИВ ЈАР?

-За Часив Јар и Торецк се борат осум месеци. Во последниве недели руските офанзиви на некој начин се намалија. Тие се намалуваа во обем, преминувајќи од големината на чета до големината на вод, сега во основа се мали групи пешадија.

КАКВА Е СОСТОЈБАТА ВО ПОКРОВСК?

Русите продолжуваат да се обидуваат за да го заземат Покровск. Тие се заглавени на оската обидувајќи се да го заобиколат. Прилично се приближија, но Украинците ги задржаа.