Свечена Светосавска академија вечер во МНТ


Во Македонскиот народен театар во Скопје (МНТ) вечер ќе се одржи Свечена Светосавска академија, во организација на Српскиот културен центар, по повод Свети Сава – националниот празник на српската заедница во Република Северна Македонија.

На свеченоста, како што најави Министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, ќе присуствува и патријархот на Српската православна црква г. г. Порфириј.

Како што најавија организаторите, во рамки на програмата, меѓудругото, предвидена е Светосавска беседа од страна на Никола Селаковиќ, министер за култура на Србија, настапи на Првото белградско пејачко друштво, хорски ансамбл основан во 1853 година како и уметничкиот ансамбл при Министерството за одбрана на Србија „Станислав Банички“.