Судскиот совет ќе расправа за одговорност и за продолжување на мандат на судии
Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред се одлуките за продолжување на мандатот на судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот согласно Законот за судови, Одлуката за формирање на Комисија за изработка на Деловник за работа на Судскиот совет, Извештајот на Комисијата за проверка на знаењето на практичната работа со компјутери на кандидатите за судии, а ќе биде разгледани и оценети извештаите за работата на судовите во Република Северна Македонија за првото тромесечие за 2019 година.
Членовите на Судскиот совет треба да ги разгледаат поднесените барања за утврдување на одговорност за судија.
Дел од медиумите објавија дека на дневен ред ќе биде и разрешувањето на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, како и на уште двајца врховни судии, кои заедно надгласаа двајца колеги во кривичниот совет на Врховниот суд со што му го укинаа притворот на тогаш избеганиот Сеад Кочан во врска со предметот на СЈО.