Судот во Будимпешта одлучува дали ќе го екстрадира Груевски во Скопје
Седум месеци од бегството на експремиерот Никола Груевски, судот во Будимпешта одлучува денеска за негова екстрадиција, врз основа на барањето што уште во ноември минатата година го поднесе македонското Министерство за правда.
Медиумите во Унгарија објавија фотографии и видео од Груевски во судот, каде што тој во судницата седи со наочари за сонце и капче. Дел од медиумите објавија дека Грувески утринава бил уапсен за одлучување по барањето за екстрација, а при доаѓањето во судот тој одел со рацете покрини со палто, следен од две лица.
Унгарските власти минатата недела го информирале Министерството за правда дека го добиле комплетираното барање за екстрадиција.
Груевски откако беше осуден на двегодишна затворска казна за предметот на СЈО, „Тенк“ пребега и доби азил во Унгарија.
Јавното обвинителство го обвини Груевски дека ги организирал насилствата на 27-ми април во Собранието, а Министерството за правда ја испрати до унгарските власти новата екстрадиција и за овој предмет