Судење за шесте убиства во старечки дом во Дарувар – убиецот тврди дека не е виновен


Во окружниот суд во Бјеловар, започна судењето на Крешимир Пахоки, пензионираниот воен полицаец кој на 22 јули минатата година уби шест лица во Домот за стари и изнемоштени лица „Дарувар“. 51-годишниот Пахоки движејќи се со помош на патерици и придружуван од двајца судски полицајци влегол во судницата, јавува Bjelovar.live.

Кога седна на обвинителна клупа, судијката Маја Сикора официјално го отвори судењето, а потоа државниот правобранител го прочита обвинението. На прашањето дали го разбира обвинението и се смета себеси за виновен, Патоки одговори: „Не“.

Му се закануваат 50 години затвор
Жртвите на нападот на Пахоки беа корисници на домот и вработени родени во 1948, 1934, 1987, 1935 година и двајца родени во 1931 година. Уште пет лица родени во 1995, 1982, 1938, 1942 и 1934 година беа тешко повредени, благодарение на брзата медицинска интервенција. Според обвинението, Пахоки испукал и куршум кој пробил ѕид и со фрагменти од стакло повредил уште едно лице.

Обвинителството го обвинува и за претходен напад што се случил еден месец пред масакрот, на 20 јуни 2024 година, кога во Дарувар со стаклено шише по глава удрил лице родено 1973 година и со фрагмент од скршено шише му ја повредил подлактицата.

Обвинението поднесено од жупаниското државно правобранителство во Бјеловар беше потврдено од страна на обвинителниот совет на Жупанискиот суд во Бјеловар на 19 декември 2024 година. Случајот привлече големо внимание во јавноста поради бруталноста и бројот на жртви во едно од најтешките злосторства во поновата хрватска историја.

На Пахоки му се заканува затворска казна до 50 години. Од моментот на апсење е во затворот Бјеловар.