Стратешка шлаканица од стратешкиот партнер: Левица за суспензијата на имигрантските визи на САД
Левица тврди дека Владата дека со својот вазалски однос кон САД директно придонела за одлуката да се запре постапката за издавање имигрантски визи за македонските граѓани.
Во соопштението, партијата тврди дека актуелната власт со години градела илузија за наводно „стратешко партнерство“ со Вашингтон, но дека реалноста покажала отсуство на каква било вистинска поддршка. Според Левица, надворешната политика на Владата се свела на симболични средби и фотографии со американски функционери без влијание врз клучните одлуки.
Партијата потсетува дека пред ова САД воведе трговски маржи и царини за македонија по што Владата „во немоќ и коленичење“ одлучи целосно да ги укине царините кон американските производи.
Левица ја критикува и серијата надворешнополитички потези на власта – гласањето против укинувањето на санкциите кон Куба, поддршката на американските резолуции за Украина и ставовите околу Венецуела.
„Мицкоски и Муцунски не можат да научат дека вазалскиот однос кон САД не е и не може да биде стратешко партнерство“, се наведува во соопштението. Левица вели дека државата е во „стратешки ќор-сокак“ и треба да се отвора кон други глобални партнери.