Страшно невреме го зафати Киев: Еден човек загина, неколку се повредени (фото/видео)


 Главниот град на Украина Киев го зафати силно невреме, еден човек загина кога ветрот собори дрво, а неколку лица се повредени.

Градската управа предупреди дека до крајот на денот ударот на ветерот може да достигне 25-28 метри во секунда, пренесува агенцијата „Униан“.

Надлежните ги повикаа граѓаните да бидат внимателни и непотребно да не ги напуштаат становите.