Страшни податоци: Над милион жени исчезнале во Индија за само три години


Повеќе од 1,3 милиони жени во Индија исчезнале меѓу 2019 и 2021 година, според новообјавените податоци од Министерството за внатрешни работи на индиската држава.

Податоците собрани од индиското Национално биро за евиденција на криминал покажуваат дека повеќе од милион возрасни жени и повеќе од 250.000 девојчиња на возраст под 18 години исчезнале во период од три години. Најголем број исчезнувања имало во државата Мадја Прадеш, каде што речиси 198.000 жени и девојчиња биле пријавени за исчезнати за три години, а веднаш по него е Западен Бенгал со речиси 193.000 случаи, покажаа податоците на NCRB.

Исчезнувањето на жените е национален проблем во Индија, со повеќе од 60.000 жени и 20.000 млади девојки исчезнати дури и во главниот град, Њу Делхи, во истиот временски период. Само во 2021 година, речиси половина милион од нив исчезнаа.

Зошто има толку многу исчезнати жени во Индија? Причините наведени за големиот број исчезнати жени беа трговијата со луѓе за принуден брак, домашна работа, сексуална експлоатација и детски труд. НРЦБ, исто така, ги наведе „менталните болести, погрешната комуникација, несреќите, семејното насилство и жртвите на криминал“ како најистакнатите причини за исчезнувањето на жените во најголемата земја во светот.

„Некои млади луѓе бегаат од дома поради неподносливи услови на злоупотреба и малтретирање“, посочува НЦРБ во својот извештај.

Индиската влада воведе мерки за борба против широко распространетите злосторства врз жените, како што е воведувањето телефонска линија за жените жртви на такви злосторства во 2012 година и лансирањето на национална база на податоци за сексуални престапници во 2018 година.

Активистите за правата на жените во Индија, пак, тврдат дека постоечките мерки не се доволни.

„Мерките на владата не се однесуваат на големата мрежа за трговија со луѓе. Овие идеи можат да им служат само на поединци кои се во позиција да се жалат. Тоа е хроничен проблем. Никогаш немало политика за исчезнувања“, Кавита Кришнан, активистка. за правата на жените.