Страшни бројки во САД – во еден ден починаа 3.157 лица, повеќе отколку на 11 септември


САД го забележаа својот најголем дневен број на смртни случаи од корона вирусот во средата, а бројот на луѓе кои беа примени во болница со ковид надмина 100.000 за прв пат од почетокот на пандемијата

Според трагачот на Универзитетот „Џон Хопкинс“, во средата се регистрирани 3.157 нови смртни случаи, повеќе од бројот на убиени во терористичките напади од 11 септември. Претходното највисоко ниво беше 2.607 смртни случаи забележани на 15 април, на почетокот на пандемијата.

Во средата имаше 200.070 нови случаи, што е втор пат новите случаи да надминат 200.000. Со вкупната бројка пд 13.911.728, се очекува САД да го забележат својот 14-милионити случај во четврток, а експертите предвидуваат дека бројот на жртвите би можел да достигне скоро 450.000 до крајот на февруари.

Смртните случаи, како и хоспитализациите покажаа дека земјата влегува подлабоко во криза, можеби и најлошата до сега, делумно поради одложените ефекти од Денот на благодарноста минатата недела, кога милиони Американци не ги почитуваа предупредувањата да останат дома и да слават само со членови на нивните домаќинство.

Низ САД болниците се преплавени, а медицинските сестри и другите здравствени работници со со врзани раце.

„Реалноста е декември и јануари и февруари ќе бидат тешки времиња. Јас всушност верувам дека тие ќе бидат најтешките периоди во историјата на јавното здравство на оваа нација “, рече во средата д-р Роберт Редфилд, раководител на Центрите за контрола и превенција на болести.

Редфилд рече дека околу 90 отсто од болниците во земјата се со затегнат капацитет.

„Сега сме во многу критично време за да можеме да ја одржиме еластичноста на нашиот здравствен систем“, рече тој.