Страшен судар на возови во Хрватска, најмалку шест мртви


 

Вечерва околу 21:30 се судрија патнички и товарен воз кај Новска, источно од Загреб Според првите информации има шестмина загинати и многу повредени. Акцијата за спасување е во тек.

Неофицијално се дознава дека патничкиот воз поминал на црвено светло и удрил во товарен воз кој бил запрен во близина на градот Раиќ. Сите служби за итни случаи се на терен и им помагаат на повредените.

Несреќата се случила на околу 2 километри од станицата Раиќ (Новска) кон Окучани. На местото на несреќата се испратени екипи на Итна медицинска помош, пожарникари, полиција, вработени во Хрватските железници. На местото на несреќата се упатија хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и повеќе министри.

Според она што неофицијално дознаваат хрватските медиуми патничкиот воз се движел со брзина од 120 километри на час, а товарниот воз стоел на пругата поради дефект.