Страшен напад во родниот град на Зеленски: Повеќе од 10 мртви, има и деца меѓу настраданите (Видео)


Руската армија денеска истрела ракети кон Криви Рог при што загинаа најмалку 12 лица.

Руската Федерација денеска го бомбардираше украинскиот град Кривји Рих, пишува „Киев пост“. Според познатите информации има најмалку 12 загинати меѓу кои и деца.

Криви Рих е роден град на украинскиот претседател Володимир Зеленски. На социјалните мрежи веќе се појавија видеа од местото на гранатирањето.

Најмалку 50 лица се повредени. Како што соопшти шефот на градската управа, Олександр Вилкула, руска балистичка ракета погодила станбена зона.