Стопанска банка ќе донира 250 илјади евра за семејствата погодени од пожарот во Кочани


Стопанска банка ги поддржува засегнатите од трагедијата во Кочани и продолжува посветено да обезбедува помош.

Веднаш по немилиот настан, Банката им помогна на медицинските центри кои ги прифатија настраданите, а неколку дена подоцна ѝ помогна на болницата во Кочани да опреми и отвори советувалиште кое на долг рок ќеработи со настраданите, семејствата ицелата заедница.

Дополнително, Стопанска банка деновиве одобри износ од 250.000 евра кои почнувајќи од следната недела, ќе им бидат исплатени директно на сметките на повеќе од 200 засегнати семејства.Финансиската помош ја наменивме за семејствата кои се борат со огромната тага и се справуваат со последиците бидејќи препознаваме дека им е потребна максимална поддршка.

Грижејќи се за целокупната заедница, се обративме до локалната самоуправа на Кочани со предлог за дополнителна донација, изградба на детски вело-парк како нова содржина во градот. Донацијата на вело-паркот ќе произлезе од 9.издание на „Вози право, вози здраво“, со што нашиот децениски проект оваа година ќе добие и хуманитарен карактер.

Сакаме да ја изразиме нашата огромна благодарност до здравствените работници кои вложија натчовечки напори во помагањето на жртвите за време на трагичниот настан и ќе продолжат да бидатподдршка на процесот на заздравување што следи.

Исто така, благодарни сме им на нашите вработени од филијалата во Кочани и регионот за нивната посветеност кон заедницата и проактивниот пристап.