Стојанов со нова безобразна понуда кон Македонците

Контроверзниот Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“ продолжува со своите провокативни објави насочени кон нашата земја. Последна е понудата на семејства од Македонија да го променат презимето и наместо „вски“, да завршуваат на „ов“ или „ев“, за што тој им нуди парични средства од 300 евра.
Во својата објава, Стојанов додава дека македонските граѓани треба да ја контактираат бугарската фондација.
Виктор Стојанов во континуитет измислува начини како од Македонците во поширокиот регион да направи Бугари, а тоа вклучува најави за купување фудбалски клубови, за формирање бугарска политичка партија, плаќање претплата за бугарска телевизија, делење книги и подароци и други такви ситни провокации кои досега немаа којзнае каков успех. Со оваа понуда тој, кој инаку има забрана за влегување во Македонија, практично ја преминува црвената линија и заслужува дипломатска нота од нашето до бугарското МНР.