Стојанче Јовановски во судница вртеше со главата не согласувајќи се со грозните обвиненија
Во Кривичниот суд почна судењето за ужасното семејно насилство врз Ивана Јовановска кое заврши со трагичен крај и за неа и за нејзиното дете откако се фрли со неа од шестиот спрат од зградата во Карпош.
Според обвинителката Адела Бојчевиќ до чинот на самоубиство обвинетиот Стојанче Јовановски цело време ја тепал, навредувал и се заканувал , а во еден момент ја онесвестил.
”Ќе те убијам”. “ ќе те исфрлам од станот, ќе ја земам Катја”, ќе ја сменам бравата”.” Ајде пријави ме кога ќе излезам од затвор ќе те уништам” , кон овие закани тој кажувал и срамни зборови, дури и пред нивното сега починато дете.
Обвинителството има и сведок за секое од трите кривични дела за кои е обвинет, тоа е човекот кој бил со нив. Сведокот Мартин Саздов неколкупати ја советувал Ивана да земе такси и да оди кај мајката.
Пред да се фрли со детето од балконот Стојанче бил со двете во станот и тука и се заканувал додека таа се пакувала.
За цело време додека обвинителката го читаше обвинението тој вртеше со главата во знак на негирање.
Кога стана да каже дали се чувствува за виновен, рече дека за тепањето признава , но за самоубиството не, на тоа рече дека ја навел сведокот Мартин Саздов кој во блиска врска со Ивана и оти тој и се заканувал. Тогаш почна да плаче и рече дека Мартин му го уништил семејството и не можеше да се смири па судијата даде пауза.