Стојанче Ангелов за Салиу: Дали и мене ќе ме апсат ако по 10 години се случи трагедија?
Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасувањево гостување во емисијата Стадион на Канал 77, рече дека поранешните директори на институцијата кои се опфатени со одговорност во случајот со трагедијата во Кочани се колатерална штета. Тој не гледа зошто за трагедијата се бара одговорност од поранешниот директор на ДЗС Шабан Салиу, ако функцијата ја извршувал десет години пред да се случи пожарот.
„Јас ги сметам директорите пред мене за колатерална штета, кои што во таа, да речам, тогаш во длабоката болка, тага, едноставно отидоа како колатерална штета. Јас не гледам што е виновен Шабан Салиу, кој што бил директор десет години пред да се случи трагедија“, истакна Ангелов во гостувањето.
Ангелов се стави себе си во хипотетичка ситуација, прашувајќи се дали и тој би бил уапсен доколку се случи некоја трагедија по неговото пензионирање и заминување од функцијата.
„Дали тоа значи дека еден ден кога јас ќе отидам во пензија, кога ќе заборавам дека сум бил директор на ДЗС, ако се случи некоја трагедија, некој треба мене да ме уапси?“, праша Ангелов.