Стојанче Ангелов отиде да го види најстарото ПП возило во Кавадарци – „ФАП 13“од 1976 година


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, денеска ја посетија Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кавадарци, при што ги разгледаа противпожарните возила, каде е и најстарото, исправно и добро одржувано возило „ФАП 13” од 1976 година.

Во противпожарната отворена канцеларија – кавадаречката ПП гаража, Ангелов и Јанчев со пожарникарите размениле мислења за оперативните можности и досегашни искуства при гаснење пожари на отворено, особено за шумски пожари.

Од ЦУК информираа дека Ангелов изразил голема благодарност и им оддал признание на 30-те кавадаречки пожарникари кои се одѕиваат на секој повик за помош при пожари на територијата низ државата.

– При средбата со кавадаречките пожарникари и градоначалникот Јанчев, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, при кусо пробно возење на легендарниот противпожарен ,,ФАП 13”, лично се возеше заедно со еден од пожарникарите, се наведува во соопштението од ЦУК.