Стигна официјалната потврда за еден од најспектакуларните трансфери во историјата на Формула 1


Од 2025 година Луис Хамилтон ќе вози за Ферари! Веста која како молња се прошири низ автомобилскиот свет овој четврток вечерта доби официјална потврда.

Седумкратниот светски шампион оваа сезона сепак ќе вози болид на Мерцедес, а потоа ќе се пресели во најпознатиот тим во историјата на овој спорт.

„Одлуката да го напуштам Мерцедес е една од најтешките што морав да ги донесам во мојот живот“, изјави Хамилтон.

„Поминав неверојатни 11 години во Мерцедес и многу сум горд на она што го постигнавме заедно. Мерцедес е дел од мојот живот од мојата 13-та година, но вистинското време е да го направам овој чекор и возбуден сум да го прифатиме овој предизвик“, додаде тој 39-годишен Британец.

Хамилтон во тимот на Ферари ќе вози со Шарл Леклер, кој неодамна потпиша нов договор до крајот на 2028 година.