Став на ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на судот за случајот на Сашо Мијалков

ВМРО-ДПМНЕ смета дека за сите постапувања на судот и обвинителството во врска со случајот на Сашо Мијалков „одговори треба да се побараат во судството и владата на Ковачевски“.
„За сите постапувања на судот и обвинителството одговори треба да се побараат во судството и владата на Ковачевски и неговите сопартијци кои градеа кариери на овој случај, како и од Ахмети и ДУИ кои се активни партиципиенти во истата влада и ја споделуваат одговорноста за корумпираното судство“, соопштија од опозициската партија.
Од партијата во соопштение велат дека во Македонија нема случај каде победила правдата до крај, како и дека правосудниот апарат се користи за политичка пресметка и заштита на политички интереси на власта.