Старец паднал и се повредил при кочење во приватен автобус од јавниот превоз
Повозрасен скопјанец е тешко повреден откако паднал во автобус на ЈСП.
– На 06.06.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитриј Чуповски“ во Скопје, при кочење на приватен автобус за јавен превоз, паднал патникот Р.М.(74) од Скопје и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.