Стапи во сила новиот закон: Германија ги отвора вратите за квалификувани работници од Балканот

Во Германија стапија на сила новите правила за визите за квалификувани работници од земји надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во таа земја и барање работа до една година, под услов да се исполнат одредени критериуми.
Друг елемент од правилата кои стапија на сила во Германија е проширувањето на прописите за државјаните на земјите од Западен Балкан, соопшти германското МВР.
Според ова правило, работниците од Србија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Косово им е многу полесно да одат во Германија на неопределено време, до 50.000 лица годишно, што е двојно повеќе од претходно, се наведува на веб-страницата на Министерството.
Новите правила, познати како „шанса карта“ за лов на работа, се однесуваат на оние со најмалку двегодишно стручно образование или високо образование признаено во земјата каде што е стекната квалификацијата.
Потребно е и познавање на германски или англиски јазик.
Откако картата ќе биде одобрена, апликантот може да влезе во Германија и да бара работа до една година, што значи дека повеќе не мора да поднесува договор со германска компанија пред да му биде дозволено да влезе во Германија за да работи.
Како што се наведува, новите правила се воведени со цел да се намали бирократијата и да се скратат процедурите, а се дел од сеопфатниот закон кој има за цел да го реши недостигот на квалификувана работна сила во Германија, пишува Јуроњус.