Среде ноќ запалена канцеларија на Адвокатската комора во Аеродром
Среде ноќ запалена канцеларија на Адвокатската комора на РСМ. Информацијата ја потврдија и од МВР.
– Денеска (25.11.2024) во 03.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“ на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил опожарен стан – деловен простор на Адвокатската комора на РСМ. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, инфомрираа од полицијата.
Увидот е во тек и го вршат увидна екипа од СВР Скопје, Одделот за форензички испитувања при МВР и јавен обвинител.