Средба на Грковска со Ескобар: Македонија неуморно работи на остварувањето на стратешките цели


 

Македонија за САД е добар партнер, важен сојузник, особено во регионот. Тоа било заклучено за време на средбата во Вашингтон меѓу вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Според соопштението на владината прес-служба на средбата се разговарало за важната улога во регионот која Македонија ја има во очите на САД како добар партнер, но и сојузник што означува уште повисоко ниво на партнерство и пријателство.

Вицепремиерката Грковска нагласила дека стратешкото партнерство со САД за Македонија е од суштинско значење и изрази благодарност за поддршката што САД ни ја дава особено во делот на справувањето со корупцијата, како еден од најзначајните приоритети во градењето на демократски и економски силно општество.

Ескобар ја пофалил безрезервната поддршка на Македонија на Украина при руската агресија како со донации така и со згрижување на бегалците кои се жртви на руската агресија. Тој истакнал дека македонската влада неуморно ги презема сите мерки со цел остварување на стратешките цели на државата.

Грковска го информиралаЕскобар за активностите кои се отпочнати од страна на Кабинетот за добро владеење и сето она што претстои во насока на борбата против корупција, доброто владеење и дигитализацијата, соопшти владината прес-служба.