Средба Филипче – Вајц: Се разговарало за патот кон ЕУ


 

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, денеска имаше средба со раководството на СДСМ и претседателот на партијата, Венко Филипче. Според соопштението на партијата, на состанокот се разговарало за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата. 

Филипче нагласил дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди.

Филипче рекол дека Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана. И дека СДСМ останува цврсто посветен на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската унија.