Србин правел селфи од Петроварадинската тврдина, паднал и загинал
Младиот човек кој синоќа падна од бедемот на Петроварадинската тврдина и почина на лице место е идентификуван како Лазар Ѓ. (30) од Параќин, додека Стефан Љ. (30) е повреден и, како што објавија српските медиуми, тој е во тешка состојба, но моментално е стабилен.
Во досегашната истрага било утврдено дека била организирана ергенска забава. Едно од момчињата сакало да се фотографира или да направи селфи на бедемот на тврдината, изгубило рамнотежа, механички се фатило за момчето до него, го повлекло и заедно паднале од тврдината.
Се уште се истражуваат сите околности на случајот со трагични последици.
Што се однесува до повредениот пациент, тој е сместен во Клиничкиот центар на Војводина, на Клиниката за анестезија и интензивна нега со тешки политрауматски повреди, претежно на ‘рбетниот столб и градниот кош. По првичната дијагноза и итна помош, пациентот е во сериозна, но стабилна општа состојба.
За потсетување, двајца 30-годишни млади мажи од Параќин утрово околу пет часот паднале од бедемот на Петроварадинската тврдина. Новосадската Итна помош интервенирала на барање на полицијата, а пронајден е млад маж без знаци на живот и бил направен обид за реанимација, но и покрај напорите на лекарите била констатирана смрт.