Србија планира да подели 150.000 празни селски куќи на млади брачни парови


 

МИнистерот за грижа за селото МИлан Кркобабиќ, денеска најави дека по пат на јавен повик ќе бидат поделени околу 150.000 празни селски куќи на млади брачни парови.

„Сакаме празните куќи во Србија, дури 150.000 такви, да одат на јавен повик, да им овозможиме на младите брачни парови да ги добијат куќите со нивната околина“, рече Кркобабич за Пинк.

Истакнува дека тоа се клучни работи кои треба да се реализираат, и дека наскоро ќе почнат и со поделба на бесплатно земјиште.

Според него и другите министри може да се приклучат на иницијативата, да се формира гарантен фонд за одредени земјоделски производи со што на младите би им се дала шанса да ги заживеат селата, но и да заразботат за живот.

Смета дека приказната за селото е поширока од самото земјоделство, дека се работи и за инфраструктура, култура и социјални настани.